Skip to content
Inpress

Inpress

Брзо, Точно, Проверено

  • Дома
  • ВЕСТИ
    • Култура
    • Репортажа
  • СВЕТ
    • Балкан
    • Македонија
    • Охрид
    • Струга
  • ХРОНИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЛОКАЛНА САМОУПРАВА
  • СПОРТ
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • Home
  • Избор
  • Foreign Affairs: Македонија, Босна и Косово се на ивица на провалијата

Foreign Affairs: Македонија, Босна и Косово се на ивица на провалијата

1 min read

Вашингтон, 17. мај 2015 (ИНПРЕС) – Македонија, Босна и Косово се на ивица на провалијата, пред колапс на институциите и општеството и ескалација на насилството, стои во анализата која ја објави американскиот „Foreign Affairs“, еден од највлијателните светски магазини за меѓународни односи.

Во написот се оценува дека Вашингтон предвреме ја отфрли одговорноста за регионот и ја префрли на Европјаните, чија стратегија на „стапот и морковот“ не дава конкретни резултати. Во исто време Владимир Путин не бира средства, како економски уцени и поддршка за владата на Никола Груевски, да го намали влијанието на Западот.

Македонија: Лошата власт го губи компасот

Македонија е вистински пример за неуспех. САД и ЕУ не се особено заинтересирани за оваа земја, а Грција ја блокира на патот за ЕУ и НАТО. Власта ниже скандали, а против неа, во граѓанските протести, се обединија Македонците и Албанците. Се јавува и за сериозна опасност од албанскиот екстремизам, што е како порачано за премиерот Груевски, који игра на картата на национализмот и на тврдењето дека се работи за меѓународна завера против државата.

– Делува дека Груевски е решен да се бори за власт до крај, рискирајќи ја стабилноста на Македонија, се констатира во анализата.

Босна: Држава пред распаѓање

Ако е Македонија во акутни болки, Босна се соочува со длабока и скоро неизлечива повреда, стои во анализата на „Foreign Affairs“. Како најопасни фактори, покрај меѓуетничката недоверба, се наведува радикалниот ислам и влијанието на Русија, а за политичките лидери на Србите и Хрватите се оценува дека веќе влечат конкретни потези за поделба на државата. Резултатите на пописот кои ќе бидат објавени во јуни, како и 20. годишнината од масакрот во Сребреница би можеле дополнително да ја загрозат сигурноста на оваа земја, која најверојатно ја очекува нова војна во случај на референдум за останување на Република Српска во БиХ.

Косово: Исламисти и националисти

Косово е во очајна состојба, анализира „Foreign Affairs“. Како посебна опасност се апострофираат радикалните опции за обединување на Косово со Албанија, што би отворило нов судир со Србија. Владата во Приштина почна да зазема цврст став за дијалог во Брисел, а во исто време се забележуваат знаци на зголемен исламски радикализам.

– Постои голем страв дека исламистите би можеле да најдат заеднички јазик со радикалните албански националисти. Брисел и Вашингтон треба да ги притиснат албанските лидери да напредуваат во реформите и владеењето на правото, стои во анализата. (Крај)

извор: Foreign Affairs фото: АП

Post navigation

Previous Варуфакис – Договор за финансиска помош нема да помогне за кризата
Next „Коха Диторе“: Косовски ученици ги напуштаат средните училишта

Слични вести

Повеќечасовен прекин во водоснабдувањето на неколку улици Повеќечасовен прекин во водоснабдувањето на улица „Сирма Војвода“

Повеќечасовен прекин во водоснабдувањето на неколку улици

Бојан Маричиќ е нов претседател на ДИК, изгласани измените во Кривичниот законик
1 min read

Бојан Маричиќ е нов претседател на ДИК, изгласани измените во Кривичниот законик

Утре ќе се одржи шестата седница на Советот на Општина Охрид
1 min read

Утре ќе се одржи шестата седница на Советот на Општина Охрид

Copyright © All rights reserved. | DarkNews by AF themes.