Skip to content
Inpress

Inpress

Брзо, Точно, Проверено

  • Дома
  • ВЕСТИ
    • Култура
    • Репортажа
  • СВЕТ
    • Балкан
    • Македонија
    • Охрид
    • Струга
  • ХРОНИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЛОКАЛНА САМОУПРАВА
  • СПОРТ
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • Home
  • Вести
  • Oделото на Џон Траволта oд „Треска на саботната вечер“ оди на аукција

Oделото на Џон Траволта oд „Треска на саботната вечер“ оди на аукција

1 min read

Сакраменто, 11. април 2023 (ИНПРЕС) – Oделото на Џон Траволта oд американскиот филм „Треска на саботната вечер“ (Saturday Night Fever) од 70-тите, оди на продажба.

Имено, можеби најпознатите три парчиња полиестер во филмската историја овој месец одат на наддавање во аукциската куќа „Џулиен’с“ во Калифорнија, на 22 и 23 април. „Крилестото“ бело одело, панталоните-ѕвонарки, појасот и, веројатно – „неисцрпниот извор“ на статички електрицитет, се очекува да достигне 200.000 долари или повисока цена.

Saturday Night Fever | Dance music | The Guardian

– Мислам, ова беше диско-ерата!, нагласи извршниот директор на „Џулиен’с“, Мартин Нолан. – Ова е она што го паметиме. Кога луѓето зборуваат за диско, сите ја имаме на ум „Треска на саботната вечер“… Ги имате предвиди „Би џис“, Џон Траволта, додава тој.

Понудата е една од околу 1.400 предмети од последните над 100 години кинематографија. Меѓу другите сувенири е и бастунот на Чарли Чаплин, скејт-даската од „Враќање во иднината III“ и оригиналната наметка што ја носела глумицата Теда Бара во „Клеопатра“ од 1917 година. Обожавателите на „Хари Потер“ ќе може да наддаваат разни реквизит-стапчиња, а ќе има и костими од „Џон Вик“, „Бетмен“, „Железниот човек“ и „Војна на ѕвездите“. (КрАЈ)

извор: Сител фото: архива

Post navigation

Previous Се очекува одлука од Владата за корекција на замрзнатите цени кај зеленчукот и овошјето
Next Ѓоргиевска: Немањето лиценца за испитен центар во Охрид се одрази на работата на авто школите

Слични вести

ИЈЗ: И понатаму се намалува бројот на заболени од грип, во Охрид евидентирани помалку од 30 случаи ИЈЗ: И понатаму се намалува бројот на заболени од грип, во Охрид евидентирани помалку од 30 случаи
1 min read

ИЈЗ: И понатаму се намалува бројот на заболени од грип, во Охрид евидентирани помалку од 30 случаи

Водата во Долно Лакочереј безбедна за пиење, во Горно Лакочереј забраната останува на сила Водата во Долно Лакочереј безбедна за пиење, во Горно Лакочереј забраната останува на сила

Водата во Долно Лакочереј безбедна за пиење, во Горно Лакочереј забраната останува на сила

Се гради модерна водоводна мрежа во Струга Се гради модерна водоводна мрежа во Струга

Се гради модерна водоводна мрежа во Струга

Copyright © All rights reserved. | DarkNews by AF themes.