Skip to content
Inpress

Inpress

Брзо, Точно, Проверено

  • Дома
  • ВЕСТИ
    • Култура
    • Репортажа
  • СВЕТ
    • Балкан
    • Македонија
    • Охрид
    • Струга
  • ХРОНИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЛОКАЛНА САМОУПРАВА
  • СПОРТ
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • Home
  • Балкан
  • Oпасност од епидемии во кампот кај Идомени

Oпасност од епидемии во кампот кај Идомени

1 min read

Атина, 9. април 2016 (ИНПРЕС) – Директорот на Управата за јавно здравство во грчката област Централна Македонија, Софоклис Куртидис предупредува на опасноста од епидемии во бегалскиот камп на грчко-македонската граница, објави електронското издание на весникот „Етнос“.

Во моментов во грчкото село Идомени има над 11.000 мигранти, меѓу кои и многу мали деца, а условите во импровизираниот камп не се добри, додава весникот. Меѓу бегалците веќе беа регистриани случаи на болни од хепатит А, како и ширење на шуга.

Од Брзата помош бараат да се преземат мерки и да се дезинфицираат нивните возила, во кои се пренесувани мигранти. Весникот пишува дека во реонот на кампот има вирови, полни со гнило ѓубре и се шири неподнослива миризба. Храната која се дели на мигрантите е со сомнителен квалитет, забележува „Етнос“. (Крај)

извор: Локално фото: архива

Post navigation

Previous Србија запрепастена од одлуката на Хрватска да не даде поддршка за отворање на 23-то поглавје
Next Тајни агенти на Европол инфилтрирани меѓу мигрантите во Грција

Слични вести

Црна Гора забрани мобилни телефони во училиштата

Црна Гора забрани мобилни телефони во училиштата

29 години од потпишувањето на Дејтонскиот мировен договор со кој заврши војната во Босна
1 min read

29 години од потпишувањето на Дејтонскиот мировен договор со кој заврши војната во Босна

Албанската влада размислува целосно да ги забрани Тик-ток и Снепчет
1 min read

Албанската влада размислува целосно да ги забрани Тик-ток и Снепчет

Copyright © All rights reserved. | DarkNews by AF themes.