Skip to content
Inpress

Inpress

Брзо, Точно, Проверено

  • Дома
  • ВЕСТИ
    • Култура
    • Репортажа
  • СВЕТ
    • Балкан
    • Македонија
    • Охрид
    • Струга
  • ХРОНИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЛОКАЛНА САМОУПРАВА
  • СПОРТ
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • Home
  • Топ Вести
  • Perfect Diver: Охридското Езеро е македонското море, едно од најдлабоките и најстарите езера во Европа

Perfect Diver: Охридското Езеро е македонското море, едно од најдлабоките и најстарите езера во Европа

1 min read
Perfect Diver: Охридското Езеро е македонското море, едно од најдлабоките и најстарите езера во Европа

Нуркачи Perfect diver Полска Охридско Езеро

Охрид, 10. октомври 2024 (ОХРИДПРЕС) – Охридското Езеро е наречено македонско море, со 288 метри, е едно од најдлабоките и најстарите езера во Европа. Во него живеат околу 200 ендемични видови на животни и растенија, вклучувајќи јагули и змии. Само на ова место во светот се среќаваат неколку видови таканаречени ендемични видови како што се охридската пастрмка и охридските слатководни сунѓери.

Вака полскиот магазин Perfect Diver го опишува искуството со поминатите часови во нуркање во водите на прекрасното Охридско Езеро. Заедно со домаќините од Нуркачкиот центар „Амфора“ од Охрид, тие ги откриваа тајните и убавините на езерото кое е дел од листата на светско наследство на УНЕСКО.

– Бистрината на водата достигнува и до 40-50 метри. Научници и археолози од различно потекло го истражуваа дното и пронајдоа многу интересни места кои сведочат за античките култури кои живееле во оваа област. Едно од поинтересните места е „Музејот на вода“ каде може да се восхитувате на разни артефакти, коски итн. – потенцираат во објавата.

За Македонците велат дека важат за еден од најгостопримливите народи во Европа, дека Охрид често се нарекува „Ерусалим на Балканот“ и дека во градот има 365 цркви, по една за секој ден од годината.

– Охридското Езеро е дом на околу 200 ендемични видови на животни и растенија, вклучувајќи јагули и змии. Само на ова место во светот се среќаваат неколку ендемични видови, меѓу кои охридската пастрмка и охридските слатководни сунѓери, потенцираат од Perfect Diver. (Крај)

извор: Perfect Diver фото: Perfect Diver

Post navigation

Previous ДЗС: Во првото тримесечје од 2024 година, 90,8 % од македонските домаќинства имале пристап до интернет од дома
Next The Offspring го објавија видеото за „Come To Brazil“ во чест на нивните обожаватели во Бразил

Слични вести

Објавени огласите за упис на првачиња, документите ќе се доставуваат во текот на месец мај Објавени огласите за упис на првачиња, документите ќе се доставуваат во текот на месец мај

Објавени огласите за упис на првачиња, документите ќе се доставуваат во текот на месец мај

Охрид домаќин на 91 Средба на правниците, ќе се одржи од 23 до 25 април Охрид домаќин на 91 Средба на правниците, ќе се одржи од 23 до 25 април

Охрид домаќин на 91 Средба на правниците, ќе се одржи од 23 до 25 април

Источен Петок Балаклија: Чудата на Пресвета Богородица со изворот кај Цариград! Источен Петок Балаклија: Чудата на Пресвета Богородица со изворот кај Цариград!

Источен Петок Балаклија: Чудата на Пресвета Богородица со изворот кај Цариград!

Copyright © All rights reserved. | DarkNews by AF themes.