Охрид, 2. декември 2025 (ИНПРЕС) – Нивото на водата во Охридското Езеро и понатаму е над просекот за овој период од годината.
Според денешните мерења на Управата за хидрометеоролошки работи на Република Македонија (УХМР), езерото е на кота од 693,40 м.н.в., односно на 8 сантиметри над просекот за месец декември (693,32 м.н.в) и 30 сантиметри над минимално дозволената (693.10 м.н.в).
Речиси една недела водостојот е на идентична кота, а за значителното подоврување на хидролошката состојба од претходно придонесоа врнежите од дожд, некогаш и пообилни, што периодов го зафатија регионот на Охрид.
Колку за споредба, лани во овој период нивото на езерото било на кота од 693,11 м.н.в, односно само еден сантиметар над минимално дозволената.
Во Охрид денес променливо облачно време со услови за локален дожд во попладневните часови. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Максималната температура ќе се искачи до 10. степени.
– Под влијание на серија од влажни воздушни бранови од денеска во вечерните часови следува период на претежно облачно време со повремени локални врнежи од дожд, кои ќе бидат пообилни во западните и јужните делови. На некои од повисоките планини врнежите од дожд ќе преминуваат во врнежи од снег. Минималните температури ќе бидат насекаде позивитивни, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи на Република Македонија (УХМР). (Крај)
извор: ИнПрес фото: ИнПрес
