Skip to content
Inpress

Inpress

Брзо, Точно, Проверено

  • Дома
  • ВЕСТИ
    • Култура
    • Репортажа
  • СВЕТ
    • Балкан
    • Македонија
    • Охрид
    • Струга
  • ХРОНИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЛОКАЛНА САМОУПРАВА
  • СПОРТ
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • Home
  • Вести
  • Бислимоски: Од 1-ви јули може да се врати дневната евтина струја – сега во тоа време струјата е поевтина поради фотоволтаиците

Бислимоски: Од 1-ви јули може да се врати дневната евтина струја – сега во тоа време струјата е поевтина поради фотоволтаиците

1 min read
Бислимоски: Од 1-ви јули може да се врати дневната евтина струја – сега во тоа време струјата е поевтина поради фотоволтаиците

Скопје, 20. февруари 2023 (ИНПРЕС) – Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ) самата го носи тарифниот систем и сега се прават анализи дали е возможно од економска гледна точка да се врати евтината струја во текот на денот, вели Марко Бислимоски, претседателот на РКЕ во емисијата СТУДИО 10 на ТВ 24.

Сега треба да видиме колкаво ќе биде домашното производство на струја, а според најавите на ЕСМ ќе биде зголемена за барем 10 отсто. Го анализираме и фактот што имаме голем број изградени фотоволтаици кои се главно изградени на големите компании. И третиот момент е што цената на електрична енергија кога произведуваат фотоволтаиците е поевтина отколку во останатиот дел од денот. Тој тренд во лето ќе продолжи па и тој елемент го анализираме, рече Бислимоски.

– Сега во периодот кога беше најскапа електричната енергија поради фотоволтаиците имаме најевтина струја. Оттука, можно е ако покажат така пресметките да се врати дневната евтина струја. Од тоа најголема придобивка ќе имаат пензионерите кои се дома и кои многу внимаваат на тоа како се троши струјата а освен тоа најредовно ги плаќаа сметките во време на ковид-пандемијата и ја одржуваа ликвидноста на ЕСМ, вели Бислимоски.

Според Бислимоски, таква евентуална промена би се случила на 1-ви јули кога вообичаено се прават промени на цените на енергетските услуги. Евтината струја секој ден ЕСМ го чинеше 16 милиони евра годишно, вели Бислимоски.

– Ова што се случува со обемноста на изградбата на фотоволтаици не се случува само во Македонија туку и во целиот регион. Освен тоа, компаниите инвестираа во енергетски ефикасни начини на производство. Оттука, може да се случи во летен период да имаме цени на струјата блиски до нула па дури и во минус, вели Бислимоски.

Тој вели дека сега треба инвеститорите да инвестираат во батерии со цел да имаат производ што ќе трае подолго. Ако производителите на струја од фотоволтаици имаат резерви струја по 19 часот, тоа ќе биде корисно и за компаниите и за граѓаните. Батериите се преоден период кон водорот кој ќе биде најеколошко и најевтино гориво кое ќе го заменува природниот гас. Европа повеќе нема да се враќа на термоелектраните, коментира Бислимоски. (Крај)

извор: ТВ 24 фото: архива

Post navigation

Previous Објавен документарен филм за значењето на трската во Охридското Езеро
Next Спортски ден во Велгошти по повод 142 години од раѓањето на македонскиот револуционер Тодор Александров

Слични вести

Повеќечасовен прекин во водоснабдувањето на неколку улици Повеќечасовен прекин во водоснабдувањето на улица „Сирма Војвода“

Повеќечасовен прекин во водоснабдувањето на неколку улици

Бојан Маричиќ е нов претседател на ДИК, изгласани измените во Кривичниот законик
1 min read

Бојан Маричиќ е нов претседател на ДИК, изгласани измените во Кривичниот законик

Утре ќе се одржи шестата седница на Советот на Општина Охрид
1 min read

Утре ќе се одржи шестата седница на Советот на Општина Охрид

Copyright © All rights reserved. | DarkNews by AF themes.