Skip to content
Inpress

Inpress

Брзо, Точно, Проверено

  • Дома
  • ВЕСТИ
    • Култура
    • Репортажа
  • СВЕТ
    • Балкан
    • Македонија
    • Охрид
    • Струга
  • ХРОНИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЛОКАЛНА САМОУПРАВА
  • СПОРТ
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • Home
  • Вести
  • Бојан Маричиќ е нов претседател на ДИК, изгласани измените во Кривичниот законик

Бојан Маричиќ е нов претседател на ДИК, изгласани измените во Кривичниот законик

1 min read

Скопје, 28. јануари 2026 (ИНПРЕС) – Со 83 гласови „за“ Собранието го избра Бојан Маричиќ за претседател на Државната изборна комисија (ДИК). За потпретседател е избран Абдуш Демири, а за членови на Комисијата Александар Даштевски, Ангелчо Ристов, Светлана Карапетрова, Борис Кондарко и Дитмире Шеху.

Во продолжение на седницата за членови на Комисијата и заштита од дискриминација пратениците ги избраа Лимко Бејзароски и Наташа Ахмед. Претседателот на Собранието Африм Гаши соопшти дека кандидатката Џинан Ахмед се откажала од кандидатурата.

Собранието го донесе и Законот за изменување и дополнување на Кривичниот законик. Со предлог-измените пратениците предвидуваат построги казни за злоупотреба на службената положба и овластувања, но не ги враќаат на нивото што беа пред септември 2023 кога имаше намалување на санкциите.

Ваквите измени се поднесени во Собранието со потпис од девет пратеници од коалицијата на владејачката ВМРО-ДПМНЕ. Пратениците на Левица беа против законското решение со образложение дека се носи во интерес на функционерите од владејачкото мнозинство.

За делото „злоупотреба на службената положба“, чие намалување на казните во септември 2023 предизвика најмногу критики од домашната јавноста и од Европската Унија, во предлогот се предвидуваат поголеми затворски казни, но горната границата за нив останува. Тоа значи дека иако има заострување на казните, роковите за застарување на кривичното дело се пократки од тоа што беше пред септември 2023, кога немаше горна граница за дел од казните.

Пратениците не го прифатија предлог законот за изменување на Законот за енергетика поднесен од Левица со кој се бара укинување на Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ), а нејзините надлежности да поминат во Министерството за енергетика. (Крај)

извор. Р.С Европа фото: архива

Post navigation

Previous Утре ќе се одржи шестата седница на Советот на Општина Охрид
Next Повеќечасовен прекин во водоснабдувањето на неколку улици

Слични вести

Повеќечасовен прекин во водоснабдувањето на неколку улици Повеќечасовен прекин во водоснабдувањето на улица „Сирма Војвода“

Повеќечасовен прекин во водоснабдувањето на неколку улици

Утре ќе се одржи шестата седница на Советот на Општина Охрид
1 min read

Утре ќе се одржи шестата седница на Советот на Општина Охрид

„Охридски комуналец“ лани подигнал 5.314 m³ отпад од диви депонии, формирање комунална полиција како начин за превенција
1 min read

„Охридски комуналец“ лани подигнал 5.314 m³ отпад од диви депонии, формирање комунална полиција како начин за превенција

Copyright © All rights reserved. | DarkNews by AF themes.