Белград, 3. август 2014 (ИНПРЕС) – Премиерот на Србија Александар Вучиќ изјави дека е задоволен од ангажманот, чесноста и одговорноста на Владата на Србија која во првите 100 дена „обезбедила инвестициски амбиент во земјата“.
Вучиќ додал дека тоа се однесува пред се` на запослувањето на младите, но и дека не е „комплетно задоволен по тоа прашање“.
Според него, не било можно да се предвиди најголемата стопанска катастрофа која ја погодила земјата, но дека и покрај тоа било остварено се` што било планирано.
– Задоволен сум со трудот, ангажманот, работливоста, чесноста и одговорноста. Важно е да се каже дека Србија има план, изјавил Вучиќ, кој додал дека Владата е посветена, сериозна и одлучна да ги решава и` најтешките проблеми. (Крај)
извор: Танјуг фото: архива
