Охрид, 9. јуни 2026 (ИНПРЕС) – Вечерва од 20:00 часот во селото Велгошти започнува 10. Меморијален турнир во мал фудбал „Ѓоко Чингоски и Васко Речкоски-Профа“, во чест на две личности кои оставија голема трага во нашата заедница.
– Турнирот се организира во чест на Васко Речкоски-Профа и Ѓоко Чингоски, поранешен директор на ООУ „Живко Чинго“ од селото Велгошти, како знак на почит за нивниот придонес и вредностите што ги пренесуваа на младите. Овој турнир веќе 10 години е едно од најпрепознатливите спортски случувања во регионот, а е наменет за деца и младинци до 19 години, со цел преку спорт, дружење и фер-плеј да се продолжи нивниот дух и традиција, информираат организаторите.
Ќе учествуваат 20 екипи поделени во 6 групи. Натпреварите од групната фаза ќе се играат до 17. јуни, со по три односно два натпревари дневно. Според распоредот, вечерва од 20:00 играа Кибо Пласт и Когнос, од 21:00 Чардак Велгошти и ФК Марсеј, а од 22:00 часот екипите на Димитар Црвенкоски и Мартиник мебел.
Наградниот фонд е 103 000 денари, за прво место 60.000, за второ 25.000, трето 12.000 и за четврто место 6.000 денари. Предвидени се и индивидуални награди за најдобар стрелец, голман и играч на турнирот. (Крај)
извор: ИнПрес фото: архива
