Skip to content
Inpress

Inpress

Брзо, Точно, Проверено

  • Дома
  • ВЕСТИ
    • Култура
    • Репортажа
  • СВЕТ
    • Балкан
    • Македонија
    • Охрид
    • Струга
  • ХРОНИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЛОКАЛНА САМОУПРАВА
  • СПОРТ
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • Home
  • Вести
  • Започнуваат уписите за пролетниот циклус на програмата „Полетарче“

Започнуваат уписите за пролетниот циклус на програмата „Полетарче“

1 min read

Охрид, 28. јануари 2026 (ИНПРЕС) – Црвен крст Охрид од денеска започнува со уписи за пролетниот циклус на програмата „Полетарче“

Преку неа деца на возраст од 3 до 5 години, преку игра, забава и дружење ќе ја развиваат и јакнат самодовербата, ќе стекнуваат вештини важни за успешно извршување на училишните задачи преку креативни вежби за броење, помнење и концентрација, вежби за размислување, вежби на графомоторика, вежби на фина моторика, вежби за осознавање и разбирање на просторните и временските односи, вежби за говорот и речникот, јазична и математичка писменост, социо-емоционални вежби, вежби за насочување и одржување на вниманието и друго.

– Вежбите се приспособени на возраста на детето и преку нив детето станува свесно за своите способности, се поддржува да не се откажува при правењето грешки и да има храброст да биде креативно. Планирани се и најразлични теренски работилници на кои дечињата ќе го запознаат со многу корисни спортски содржини, со училишното опкружување и снаоѓање во сообраќајот и др. Пролетниот циклус од програмата трае 3 месеци со изведување на вкупно 12 часови,по еден час седмично, во траење од 45 минути, информираат од Црвен крст Охрид.

Сите заинтересирани можат да се информираат и пријават на телефоните 046/261 – 909 или 072/246 – 175, на мејл: ohrid@redcross.org.mk, или во просториите на Црвен крст Охрид, секој работен ден од 08:00 до 15:00 часот. Детални информации за оваа програма, заинтересираните ќе можат да  добијат на отворениот ден, во сабота, 31-ви јануари од 09:00 до 10:00 часот во просториите на Црвен крст Охрид. (Крај)

извор: ИнПрес фото: архива

Post navigation

Previous Акции за собирање текстилен отпад секој последен петок во месецот
Next „Охридски комуналец“ лани подигнал 5.314 m³ отпад од диви депонии, формирање комунална полиција како начин за превенција

Слични вести

Повеќечасовен прекин во водоснабдувањето на неколку улици Повеќечасовен прекин во водоснабдувањето на улица „Сирма Војвода“

Повеќечасовен прекин во водоснабдувањето на неколку улици

Бојан Маричиќ е нов претседател на ДИК, изгласани измените во Кривичниот законик
1 min read

Бојан Маричиќ е нов претседател на ДИК, изгласани измените во Кривичниот законик

Утре ќе се одржи шестата седница на Советот на Општина Охрид
1 min read

Утре ќе се одржи шестата седница на Советот на Општина Охрид

Copyright © All rights reserved. | DarkNews by AF themes.