Skip to content
Inpress

Inpress

Брзо, Точно, Проверено

  • Дома
  • ВЕСТИ
    • Култура
    • Репортажа
  • СВЕТ
    • Балкан
    • Македонија
    • Охрид
    • Струга
  • ХРОНИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЛОКАЛНА САМОУПРАВА
  • СПОРТ
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • Home
  • Вести
  • Здружението на Србите од Охрид „Коштана“ утре ќе го одбележи празникот Свети Сава

Здружението на Србите од Охрид „Коштана“ утре ќе го одбележи празникот Свети Сава

1 min read

Охрид, 26. јануари 2026 (ИНПРЕС) – Здружението на Србите од Охрид „Коштана“ по традиција и годинава ќе го одбележи празникот „Св. Сава“.

Свеченоста, со традиционално сечење на славската погача и пригодна културно-забавна програма, ќе се одржи утре во ресторанот „Белведере“ со почеток во 13:00 часот. Поканети се градоначалникот Кирил Пецаков, почесниот конзул на Србија, Михајло Филев и други гости.

Воедно, денот е неработен за припадниците на српската заедница во Република Македонија.

Здружението на Српската заедница во Охрид, „Коштана“ брои над 300 членови кои заеднички го одбележуваат и празнуваат. Српската заедница во Република Македонија е здружение на граѓани, регистрирано во 1991 година во Скопје.

Целта на ова здружение е зачувување на идентитетот, културата и јазикот на Србите во Република Македонија и одбележување на значајни датуми од историјата на Србите. Според податоците од последниот попис на населението, домаќинствата и становите во Охрид живеат 281 срби. (Крај)

извор: ИнПрес фото: ИнПрес

Post navigation

Previous Концерт на „Некст Тајм“ на 27-ми ноември во Скопје
Next Софија Стојанова e автор на најдобрата беседа на конкурсот во чест на Прличев

Слични вести

Повеќечасовен прекин во водоснабдувањето на неколку улици Повеќечасовен прекин во водоснабдувањето на улица „Сирма Војвода“

Повеќечасовен прекин во водоснабдувањето на неколку улици

Бојан Маричиќ е нов претседател на ДИК, изгласани измените во Кривичниот законик
1 min read

Бојан Маричиќ е нов претседател на ДИК, изгласани измените во Кривичниот законик

Утре ќе се одржи шестата седница на Советот на Општина Охрид
1 min read

Утре ќе се одржи шестата седница на Советот на Општина Охрид

Copyright © All rights reserved. | DarkNews by AF themes.