Скопје, 23. јануари 2026 (ИНПРЕС) – Македонскиот олимписки комитет и официјално ја претстави екипата која ќе учествува на Зимските олимписки игри Милано Кортина 2026.
Патуваме за Италија со четири потврдени олимписки квоти и тим подготвен да даде максимум на снегот. Честа да ги носат националните олимписки обележја ја имаат:
Нордиско трчање:
Ана Цветановска – спринт и интервал старт 10 км
Ставре Јада – спринт и интервал старт 10 км
Алпско скијање:
Јана Атанасовска – слалом и велеслалом
Мирко Лазарески – слалом и велеслалом
Зимските олимписки игри Милано Кортина 2026 ќе се одржат од 6-ти до 22-ри февруари. (Крај)
извор: ИнПрес фото: архива
