Skip to content
Inpress

Inpress

Брзо, Точно, Проверено

  • Дома
  • ВЕСТИ
    • Култура
    • Репортажа
  • СВЕТ
    • Балкан
    • Македонија
    • Охрид
    • Струга
  • ХРОНИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЛОКАЛНА САМОУПРАВА
  • СПОРТ
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • Home
  • Вести
  • Македонските ракометари против Норвешка стартуваат на Светското првенство

Македонските ракометари против Норвешка стартуваат на Светското првенство


Warning: Attempt to read property "post_excerpt" on null in /home2/totomk/public_html/new.inpress.mk/wp-content/themes/darknews/single.php on line 43

Краков, 13. јануари 2023 (ИНПРЕС) – Македонската машка ракометна репрезентација денеска во Краков, градот домаќин на групата Ф, го почнува настапот на 28. Светско првенство, кое заедно го организираат Полска и Шведска. 

Македонските ракометари вчера одржаа тренинг во Таурон Арена, каде вечерва од 20:30 часот против Норвешка го играат воведниот натпревар во групната фаза, на својот осми настап на мундијалските турнири, а шести во серија.

За дуелот против фаворитот во групата Ф, според најавите, избраниците на селекторот Кирил Лазаров ќе имаат голема поддршка од македонските навивачи на трибините на Таурон Арена со капацитет од 15.000 седишта.

Во претходните пет дуели, македонската репрезентација има една победа и едно реми против Норвешка.

Претходно во рамки на истата група ќе играат Аргентина и Холандија од 18 часот. Во истиот термин македонската репрезентација в недела ќе игра против Холандија, а два дена подоцна против Аргентина.

Пласман во следната рунда ќе обезбедат трите првопласирани репрезентации од осумте групи. (Крај)

извор: Бриф фото: архива

Post navigation

Previous Вевчани пулсира во знакот на традиционалниот карневал
Next Спроведени активности за заштита на чинарите во Охрид

Слични вести

Повеќечасовен прекин во водоснабдувањето на неколку улици Повеќечасовен прекин во водоснабдувањето на улица „Сирма Војвода“

Повеќечасовен прекин во водоснабдувањето на неколку улици

Бојан Маричиќ е нов претседател на ДИК, изгласани измените во Кривичниот законик
1 min read

Бојан Маричиќ е нов претседател на ДИК, изгласани измените во Кривичниот законик

Утре ќе се одржи шестата седница на Советот на Општина Охрид
1 min read

Утре ќе се одржи шестата седница на Советот на Општина Охрид

Copyright © All rights reserved. | DarkNews by AF themes.