Skip to content
Inpress

Inpress

Брзо, Точно, Проверено

  • Дома
  • ВЕСТИ
    • Култура
    • Репортажа
  • СВЕТ
    • Балкан
    • Македонија
    • Охрид
    • Струга
  • ХРОНИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЛОКАЛНА САМОУПРАВА
  • СПОРТ
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • Home
  • Вести
  • Миланска Скала отвори стриминг сервис за преноси на опери и концерти

Миланска Скала отвори стриминг сервис за преноси на опери и концерти

1 min read
Миланска Скала отвори стриминг сервис за преноси на опери и концерти

Милано, 20. февруари 2023 (ИНПРЕС) – Славната оперска куќа Скала во Милано отвори стриминг сервис преку кој ќе се прикажуваат опери, концерти и балети, што е нејзиниот обид да допре до што поголема публика низ светот.

Првиот концерт на „Ла Скала ТВ“ се пренесуваше завчера, а вклучи три симфонии од Моцарт под диригентство на Даниел Баренбоим.

Со цените на билетот од 2,9 до 11,9 евра за еден пренос, гледачите оваа година ќе можат да бираат помеѓу седум оперски изведби, девет концерти и три балети.

– Целиме на глобална публика која не може физички да дојде во театарот, а сака да ги следи претставите. Особено сакаме да привлечеме млади луѓе и студенти, соопшти Скала.

Во понудата се и претходно снимени претстави, документарци и посебни содржини, за кои не беа дадени детали.

– Овој проект е дел од пошироките напори да се модернизира театарот во пресрет на Олимпијадата во 2026 во Милано, кажаа од Скала, која има 245-годишна историја. (Крај)

извор: Сакам да кажам фото: архива

Post navigation

Previous Се уредуваат дрворедите во центарот на Охрид
Next Од полноќ се зголемуваат цените на горивата

Слични вести

Повеќечасовен прекин во водоснабдувањето на неколку улици Повеќечасовен прекин во водоснабдувањето на улица „Сирма Војвода“

Повеќечасовен прекин во водоснабдувањето на неколку улици

Бојан Маричиќ е нов претседател на ДИК, изгласани измените во Кривичниот законик
1 min read

Бојан Маричиќ е нов претседател на ДИК, изгласани измените во Кривичниот законик

Утре ќе се одржи шестата седница на Советот на Општина Охрид
1 min read

Утре ќе се одржи шестата седница на Советот на Општина Охрид

Copyright © All rights reserved. | DarkNews by AF themes.