Охрид, 29. јануари 2026 (ИНПРЕС) – Прекин во водоснабдувањето на неколку улици.
– Поради настанат дефект на водоводната мрежа, денес од 09:30 часот, повеќе часа без вода ќе бидат корисниците на улиците: „Стив Наумов“, „Јабланица“, „Дејан Војвода“, „Пере Тошев“, „Петар Поп Арсов“ и дел од „Бул.Туристичка“, информираат од ЈП „Водовод“ Охрид.
Нивни екипи се на терен до целосно завршување со санацијата. (Крај)
извор: ИнПрес фото: архива
