Охрид, 23. јануари 2026 (ИНПРЕС) – Македонската традиционална таеквон-до федeрација (МТТФ) ја започнува 2026 година со организација на Семинар за лиценцирани тренери, судии и натпреварувачи.
Се состои од теоретски и практичен дел, а е наменет за тренери, судии и натпреварувачи, како и за сите љубители на таеквондото.
– Право на учество имаат лиценцирани тренери (Б класа) носители на 6 куп – 1 куп (од зелен појас до црвен виши појас), лиценцирани тренери (А класа) и судии носители на црн појас I дан – до црн појас V дан и натпреварувачи (сите појаси).
Семинарот ќе биде поделен на теоретски и практичен дел. За тренери задолжително добок и појас, а за судии задолжително судиски дрес код. Учеството чини 300 денари. Пријавувањето е на мејл адресата: anastasijaculceska@gmail.com Последен рок за пријавување е до утре, до 24:00 часот, информираат од федерацијата.
Семинарот ќе се одржи во недела, 25-ти јануари, во периодот од 11:00 до 14:00 часот во спортската сала на Таеквон-до клубот „Чон Џи” во село Косел, под водство на Марјанчо Лазаревски црн појас V дан, претседател и национален тренер на МТТФ, Саша Поповски црн појас V дан почесен претседател и национален селектор на МТТФ и Давид Велковски црн појас II дан, меѓународен лиценциран таеквондо ИТФ судија. (Крај)
извор: ИнПрес фото: архива
