Skip to content
Inpress

Inpress

Брзо, Точно, Проверено

  • Дома
  • ВЕСТИ
    • Култура
    • Репортажа
  • СВЕТ
    • Балкан
    • Македонија
    • Охрид
    • Струга
  • ХРОНИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЛОКАЛНА САМОУПРАВА
  • СПОРТ
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • Home
  • Вести
  • Црвен крст Охрид со низа активности и препораки до капачите во пресрет на празникот Водици

Црвен крст Охрид со низа активности и препораки до капачите во пресрет на празникот Водици

1 min read
Црвен крст Охрид со низа активности и препораки до капачите во пресрет на празникот Водици

Охрид, 16. јануари 2023 (ИНПРЕС) – Во рамки на одбележување на големиот верски празник Богојавление-Водици и Денот на рибарите, Црвен крст Охрид и годинава е вклучен со низа активности од областа на здравствено-превентивната дејност.

Во среда, на 18-ти јануари од 19:00 до 23:00 часот на пунктот поставен на платото помеѓу Капетанија и ресторанот „Чун“ медицински тимови на Црвен крст Охрид ќе вршат основни здравствени прегледи на оние кои се одлучиле да „скокаат по крстот“.
– Апелираме и препорачуваме до „скокачите по крстот“ да ја проверат својата здравствена состојба и се информираат за ризиците и опасностите кои постојат при капење во вода со температура од околу 9 степени целзиусови, велат од Црвениот крст.
Можно е да е слика од 1 лице и текст
Традиционалната крводарителска акција „Водици 2023“ под мотото „Една капка може да промени сé“ ќе се реализира в четврток во Центарот за култура „Григор Прличев“ од 09:00 до 15:00 часот.
За настанот на осветувањето на водата во Охридското Езеро, Црвен крст Охрид ќе се грижи за безбедноста на капачите во вода и сите посетители на настанот со тимови на спасители на вода распоредени долж градското пристаниште и во спасителни чамци во вода, нуркачки тимови, како и со медицински тимови за укажување прва помош со амбулантско возило, помогнати со медицински тим на Итната медицинска помош со амбулантско возило. (Крај)
извор: ИнПрес фото: архива

Post navigation

Previous Од полноќ поскапуваат горивата
Next Охрид се украсува за Водици, подготовките при крај

Слични вести

Повеќечасовен прекин во водоснабдувањето на неколку улици Повеќечасовен прекин во водоснабдувањето на улица „Сирма Војвода“

Повеќечасовен прекин во водоснабдувањето на неколку улици

Бојан Маричиќ е нов претседател на ДИК, изгласани измените во Кривичниот законик
1 min read

Бојан Маричиќ е нов претседател на ДИК, изгласани измените во Кривичниот законик

Утре ќе се одржи шестата седница на Советот на Општина Охрид
1 min read

Утре ќе се одржи шестата седница на Советот на Општина Охрид

Copyright © All rights reserved. | DarkNews by AF themes.