Skip to content
Inpress

Inpress

Брзо, Точно, Проверено

  • Дома
  • ВЕСТИ
    • Култура
    • Репортажа
  • СВЕТ
    • Балкан
    • Македонија
    • Охрид
    • Струга
  • ХРОНИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЛОКАЛНА САМОУПРАВА
  • СПОРТ
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • Home
  • Вести
  • ЈПДП побара уште пари од Министерството за финансии за автопатот Кичево – Охрид

ЈПДП побара уште пари од Министерството за финансии за автопатот Кичево – Охрид

1 min read
ЈПДП побара уште пари од Министерството за финансии за автопатот Кичево – Охрид

Охрид/Скопје, 29. јули 2025 (ИНПРЕС) – ЈП за државни патишта официјално доставило барање до министерството за финансии за нова дополнителна финансиска помош за отплата на автопатот Кичево – Охрид.

Тоа значи дека покрај редовната отплата на долгот на јавното претпријатие кон кинескиот кредитор Ексим банка, дополнително со пари од буџетот ќе треба да се вклучи и министерството за финансии.

– Информација за доставено Барање за репрограмирање на долг бр.11-953/1 од 7.2.2025 година на Јавното претпријатие за државни патишта кон министерството за финансии, поради неможност за отплата на доспеаните обврски по Договори за заем склучени со Експорт-Импорт банка на Кина“, гласи информацијата на Владата од последната седница на 22-ри јули.

Рокот за завршување на автопатот Кичево-Охрид постојано се одложува. Наместо да биде завршен во предвидениот рок во 2018 година, по шест анекси на договорот што беа изгласани во Собранието, рокот за завршување на градежните работи е продолжен до 31 декември 2026 година.

Пред две недели беа пуштени 20 километри од делницата, иако Владата најавуваше дека ќе се отворат 40 километри со прекин кај Ботун.

Премиерот Христијан Мицковски на средината на месецов потврди, но не прецизираше колку пари и од каде ќе се позајмат за довршување на трасата, само рече дека поскапувањето е поради свлечиштата на неколку локации кои биле покомплицирани од претходните. За овој автопат долг 57 километри, досега се потрошени околу 600 милиони евра. (Крај)

извор: Фокус фото: архива

Post navigation

Previous Општина Охрид со бројни свечености по повод Илинден
Next Уште едно успешно фестивалско изданиe – спуштена завесата на осмото издание на Beach Film Festival

Слични вести

Распишан конкурс за најдобар расказ по повод манифестацијата „Вечер на Живко Чинго“ Распишан конкурс за најдобар расказ по повод манифестацијата „Вечер на Живко Чинго“
1 min read

Распишан конкурс за најдобар расказ по повод манифестацијата „Вечер на Живко Чинго“

Трето издание на „Детски Прличеви беседи“ на 9. jуни Трето издание на „Детски Прличеви беседи“ на 9. jуни
1 min read

Трето издание на „Детски Прличеви беседи“ на 9. jуни

На крај на јуни ќе се одржи петтото издание на Ohrid Wine Festival На крај на јуни ќе се одржи петтото издание на Ohrid Wine Festival
1 min read

На крај на јуни ќе се одржи петтото издание на Ohrid Wine Festival

Copyright © All rights reserved. | DarkNews by AF themes.