Охрид, 3. јуни 2026 (ИНПРЕС) – Од 25-ти до 27-ми јуни на кеј „Македонија“ во Охрид, на потегот пред хотел „Палас“ ќе се одржи петтото издание на Ohrid Wine Festival.
– Охридскиот кеј станува место за вино, музика, гастро уживање и летни вечери со посебна атмосфера, велат организаторите.
Најавуваат дека петтото издание на фестивалот носи три дена исполнети со вкусови, дружење, енергија и препознатливиот шарм на Охрид.
Како што дознаваме, засега, култната група „Меморија“ има најава дека ќе биде еден од учесниците во музичката програма, а во наредниот период ќе бидат најавени и останатите изведувачи.
Покровител на овој тридневен фестивал е Општина Охрид, а забавата со македонските музички артисти ќе биде надополнета со дегустација на македонски вина и вкусна храна. (Крај)
извор: ИнПрес фото: архива
