Skip to content
Inpress

Inpress

Брзо, Точно, Проверено

  • Дома
  • ВЕСТИ
    • Култура
    • Репортажа
  • СВЕТ
    • Балкан
    • Македонија
    • Охрид
    • Струга
  • ХРОНИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЛОКАЛНА САМОУПРАВА
  • СПОРТ
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • Home
  • Вести
  • Ќе се формираат нови доброволни противпожарни друштва и ќе се набави специјално возило со мобилни пумпи

Ќе се формираат нови доброволни противпожарни друштва и ќе се набави специјално возило со мобилни пумпи

1 min read
Ќе се формираат нови доброволни противпожарни друштва и ќе се набави специјално возило со мобилни пумпи

Охрид, 16. јули 2025 (ИНПРЕС) – ТППЕ Охрид е една од најекспедитивните единици во нашата држава, од голема помош им е волонтерското здружение „Ентузијаст“, а има најави и за формирање на нови доброволни противпожарни друштва.

Во изминатиов период на ангажман на дел од пожарникарите од ТППЕ и дел од волонтерите од „Ентузијаст“ повеќемесечната соработка со тиролската област во Австрија вроди со плод, пришто беше донирано возило и склучена е повеќегодишна соработка со која ќе се подобруваат капацитетите на ТППЕ Охрид и на волонтерското здружение.

Согласно планот за противпожарна заштита на Охрид и Дебрца заедно со австриските соработници маркирани се потребните точки каде треба подобрување на состојбите, како и да се работи на создавање на волонтерски здруженија.

Во таа насока, во Австрија веќе подготвуваат специјално возило со мобилни пумпи кое ќе го користат волонтерите од „Ентузијаст“, вели за Супер радио и InPress командирот на Територијална противпожарна единица Охрид. Борко Јанкулоски.

– Како највисоко ризично место од противпожарен безбедносен аспект е секако стариот дел на градот. Во Австрија веќе подготвуваат специјално возило и ја набавуваат потребната опрема. На него ќе бидат поставени мобилни пумпи, а ќе го користат волонтерите од „Ентузијаст“. Доколку има можност од некој совесен волонтер од стариот дел, таму би можело да се постават дел од пумпите во некој објект каде ќе бидат заштитени од надворешни влијанија, вели Јанкулоски.

Покрај тоа, Општина Дебрца со одлука на советот веќе одвои средства за изградба на гаражен објект во селото Белчишта, за чување на возилата, а има најава за добивање уште неколку возила донација од Австрија.

Во однос на нови доброволни противпожарни друштва планирано е да бидат формирани во Белчишта и во Пештани.

Со оглед на големата територија од две општини што ја покрива ТППЕ Охрид на потегот кон село Белчишта и Пештани првичната реакција од волонтерите ќе биде од огромно значење додека нивните екипи пристигнат на местото. (Крај)

извор: ИнПрес фото: архива

Post navigation

Previous Пожарникарите интервенираат на запелено поле во близина на Требеништа и на депонијата „Буково“
Next На Илинден ќе се одржи 46. Илинденски пливачки маратон

Слични вести

Црвен крст Охрид ќе им додели признанија на граѓаните кои достигнале јубилејна бројка на крводарувања Црвен крст Охрид ќе им додели признанија на граѓаните кои достигнале јубилејна бројка на крводарувања
1 min read

Црвен крст Охрид ќе им додели признанија на граѓаните кои достигнале јубилејна бројка на крводарувања

Работилница за знаковен јазик утре во охридската гимназија Работилница за знаковен јазик утре во охридската гимназија

Работилница за знаковен јазик утре во охридската гимназија

Од јули директни летови од скопскиот аеродром до атрактивните дестинации Алгеро и Палермо во Италија Од јули директни летови од скопскиот аеродром до атрактивните дестинации Алгеро и Палермо во Италија
1 min read

Од јули директни летови од скопскиот аеродром до атрактивните дестинации Алгеро и Палермо во Италија

Copyright © All rights reserved. | DarkNews by AF themes.