Охрид, 17. април 2025 (ИНПРЕС) – Денеска на плоштадот „Крушевска Република“ со почеток во 11:30 часот ќе се одржи традиционалниот „Велигденски базар“, во организација на Општина Охрид во соработка со ЈП „Градски пазар“
– Учество ќе земат охридските занаетчии, производителите на домашна традиционална храна и трговците кои продаваат велигденски украси. На базарот ќе бидат изложени и креативните велигденски изработки на најмладите од детската градинка „Јасна Ристеска“, на учениците од општинските основни и средни училишта, на младите од Младинскиот центар и волонтерите на ОО на Црвен Крст, Охрид, велат од Општина Охрид.
Во духот на најголемиот Христијански празник Воскресение Христово –Велигден собраните финансиски средства ќе бидат донирани во хуманитарни цели. (Крај)
извор: ИнПрес фото: архива