Skip to content
Inpress

Inpress

Брзо, Точно, Проверено

  • Дома
  • ВЕСТИ
    • Култура
    • Репортажа
  • СВЕТ
    • Балкан
    • Македонија
    • Охрид
    • Струга
  • ХРОНИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЛОКАЛНА САМОУПРАВА
  • СПОРТ
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • Home
  • Вести
  • Охрид домаќин на 91 Средба на правниците, ќе се одржи од 23 до 25 април

Охрид домаќин на 91 Средба на правниците, ќе се одржи од 23 до 25 април

Охрид домаќин на 91 Средба на правниците, ќе се одржи од 23 до 25 април

xr:d:DAFekzFCzYc:83,j:1000192308960824699,t:23061211

Охрид, 17. април 2026 (ИНПРЕС) – Од 23 до 25 април во хотелскиот комплекс „Метропол“ во Охрид ќе се одржи 91 Средба на правниците, на која ќе биде опфатен широк спектар на актуелни теми од различни правни области.

Првиот ден ќе биде посветен на прашања од јавен интерес, меѓу кои темата за „Сејф сити“ како механизам за превенција на сообраќајната деликвенција или како инструмент за создавање дисциплинирано општество. Ќе се дискутира и за примената на Законот за управните спорови, со акцент на развојот, предизвиците и одлучувањето во спорови со полна јурисдикција. Дополнително, ќе биде отворена дебата за интерпретативните одлуки како новина во македонското уставно судство.

На 24 април фокусот ќе се префрли на економските и социјалните аспекти на правото. Учесниците ќе разговараат за правните аспекти на заложното право и извршувањето, почнувајќи од обезбедување до наплата. Исто така, ќе се анализира соработката помеѓу судовите и центрите за социјална работа во постапките за доверување деца, како и антикорупциската рамка за јавните претпријатија, со акцент на транспарентноста и одговорноста.

Последниот ден ќе биде посветен на работното право, односно на престанокот на работниот однос и дисциплинските постапки, преку разгледување на законската рамка, судската пракса и практичните дилеми со кои се соочуваат правниците. (Крај)

извор: ИнПрес фото: архива

Post navigation

Previous Источен Петок Балаклија: Чудата на Пресвета Богородица со изворот кај Цариград!

Слични вести

Источен Петок Балаклија: Чудата на Пресвета Богородица со изворот кај Цариград! Источен Петок Балаклија: Чудата на Пресвета Богородица со изворот кај Цариград!

Источен Петок Балаклија: Чудата на Пресвета Богородица со изворот кај Цариград!

Здравје: Кафе на празен стомак – да или не? Здравје: Кафе на празен стомак – да или не?
1 min read

Здравје: Кафе на празен стомак – да или не?

„Наследена носија“ – самостојната изложба на Мила Добревска на 23 април во Охрид „Наследена носија“ – самостојната изложба на Мила Добревска на 23 април во Охрид
1 min read

„Наследена носија“ – самостојната изложба на Мила Добревска на 23 април во Охрид

Copyright © All rights reserved. | DarkNews by AF themes.