Skip to content
Inpress

Inpress

Брзо, Точно, Проверено

  • Дома
  • ВЕСТИ
    • Култура
    • Репортажа
  • СВЕТ
    • Балкан
    • Македонија
    • Охрид
    • Струга
  • ХРОНИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЛОКАЛНА САМОУПРАВА
  • СПОРТ
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • Home
  • Вести
  • Во Словенија казни до 5.000 евра за продажба и купување е-цигари со арома

Во Словенија казни до 5.000 евра за продажба и купување е-цигари со арома

1 min read

Љубљана, 29. април 2025 (ИНПРЕС) – Во Словенија стапи во сила забраната за сите ароми, освен тутунските, кај електронските цигари и нивните дополнувања. Здравствениот инспекторат и Управата за јавни приходи ќе вршат засилени контроли, а казни им се закануваат и на поединци кои ќе продаваат, бесплатно ќе нудат или онлајн ќе купуваат забранети производи, пренесува 24ur.com.

Според минатогодишните измени на Законот за ограничување на употребата на тутунски и сродни производи, во Словенија е забранета продажба на електронски цигари и дополнувања со слатки, овошни и билни ароми, без оглед дали содржат никотин. Дозволена е само продажба на производи со 16 одобрени супстанци што даваат тутунски вкус, соопшти Министерството за здравство.

„Истражувањата покажуваат дека електронските цигари ги користат и деца на возраст од 9 до 11 години. Треба да се знае дека тие штетат на здравјето и содржат канцерогени супстанци. Главната состојка е никотинот, кој влијае врз срцето и крвните садови, белите дробови и развојот на мозокот, а притоа предизвикува зависност“, предупреди Весна Маринко, директорка на Директоратот за јавно здравје.

Слатките и овошните е-цигари доведоа до зголемување на консумацијата меѓу малолетниците за 200 проценти за само три години, што поттикна решителна реакција од државата. Властите се надеваат дека со оваа мерка повеќе млади ќе престанат да пушат, пишува „Ал Џезира Балканс“.

За оние што ќе продаваат или нудат забранети е-ароми предвидени се казни од 3.000 до 5.000 евра, додека купувачите на вакви производи онлајн може да бидат казнети со суми од 125 до 5.000 евра.

Здравствениот инспекторат и Управата за јавни приходи ќе вршат надзор со земање примероци, проверка на усогласеноста и повлекување на неусогласените производи од пазарот. Контролите ќе важат и за забраната за пушење на затворени јавни простори, игралишта и дворови на градинки и училишта.

Корисниците на е-цигари што ќе ја прекршат забраната може да бидат казнети со глоба до 5.000 евра. Инспекциите ќе се спроведуваат и во соработка со полицијата и комуналните редари, вклучително и во јавниот превоз.

Министерството за здравство ја смета оваа забрана за важен чекор во заштитата на здравјето на граѓаните, особено на младите. Словенија со ова се приклучува кон бројни земји-членки на ЕУ што веќе воведоа слични мерки.

Според податоците на Националниот институт за јавно здравје, секоја недела во Словенија умираат 60 лица од последици од пушењето. Институтот се залага за дополнителни ограничувања, како намалување на бројот на продажни места и зголемување на цените на тутунските производи. (Крај)

извор: Нетпрес фото: архива

Post navigation

Previous Водостојот на Охридското Езеро подобрен, но и понатаму под просекот за април
Next Охриѓанецот Леонид Тодороски освои бронзен медал на Балканска математичка олимпијада во Босна и Херцеговина

Слични вести

Здравје: Колку брзо треба да истрчате еден километар според вашата возраст? Здравје: Колку брзо треба да истрчате еден километар според вашата возраст?
1 min read

Здравје: Колку брзо треба да истрчате еден километар според вашата возраст?

Концертот „MTV Greatest Hits“ на Битолскиот оркестар DIVA следната недела во Охрид Концертот „MTV Greatest Hits“ на Битолскиот оркестар DIVA следната недела во Охрид
1 min read

Концертот „MTV Greatest Hits“ на Битолскиот оркестар DIVA следната недела во Охрид

Граѓаните со апел навремено да се одржува зеленилото долж  патеката Канео-Плаошник-Лабино (Фото) Граѓаните со апел навремено да се одржува зеленилото долж  патеката Канео-Плаошник-Лабино (Фото)
1 min read

Граѓаните со апел навремено да се одржува зеленилото долж  патеката Канео-Плаошник-Лабино (Фото)

Copyright © All rights reserved. | DarkNews by AF themes.