Во акцијата „За посреќно детство“ собрани над 50.000 денари, денес извлекување добитници на награди
October 27, 2025

Охрид, 27. октомври 2025 (ИНПРЕС) – Во годинашната хуманитарна и спортско-рекреативна акција на Црвен крст Охрид „За посреќно детство“ беа собрани 50.364 денари, средства што ќе бидат наменети за помош во лекување на деца од семејства во социјален ризик.

Заблагодарувајќи се на сите оние кои учествуваа, ја помогнаа, поддржаа и реализираа акцијата, од охридскиот Црвен крст информираат дека денес во 19:00 часот ќе биде извлекувањето на добитниците на 30 вредни награди.

– Во соработка со Мега Продукција, извлекувањето на наградите ќе може да се следи во живо на следниот линк. Подгответе ги учесничките броеви-талончиња што сте ги купиле и следете го извлекувањето, велат од организацијата.

Оние што ги имаат извлечените броеви на талонче, истото ќе треба да го приложат во просториите на Црвен крст Охрид за да ја подигнат наградата. (Крај)

извор: ИнПрес фото: архива