Skip to content
Inpress

Inpress

Брзо, Точно, Проверено

  • Дома
  • ВЕСТИ
    • Култура
    • Репортажа
  • СВЕТ
    • Балкан
    • Македонија
    • Охрид
    • Струга
  • ХРОНИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЛОКАЛНА САМОУПРАВА
  • СПОРТ
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • Home
  • Вести
  • Два златни и два бронзени медали за таеквон-до клубот „Хва Ранг ИТФ“ на „Дубровник Опен 2025“

Два златни и два бронзени медали за таеквон-до клубот „Хва Ранг ИТФ“ на „Дубровник Опен 2025“

1 min read
Два златни и два бронзени медали за таеквон-до клубот „Хва Ранг ИТФ“ на „Дубровник Опен 2025“

Охрид, 27. октомври 2025 (ИНПРЕС) – Два златни и два бронзени медали освоија теквондистите од охридскиот клуб „Хва Ранг ИТФ“ на меѓународниот натпревар „Дубровник Опен 2025“ во Хрватска.

На турнирот настапија над 700 натпреварувачи од 9 европски земји – Хрватска, Словенија, Србија, БиХ, Албанија, Бугарија, Полска, Австрија и Македонија.

Боите на охридскиот клуб, под водство на Христијана Парулеска, ги бранеа пет млади натпреварувачки кои се натпреваруваа во дисциплината форми. И покрај силната конкуренција, тие постигнаа одличен успех, освојувајќи два златни и два бронзени медали.

Златни медали:

Теодора Тодороска – јуниорки 16 – 17 години, зелен појас

Христина Шибакоска – јуниорки 16 – 17 години, жолт појас

Бронзени медали:

Миа Танеска – кадетки 12 – 13 години, црвен појас

Анастасија Чулческа – јуниорки 16 – 17 години, плав појас

Адријана Китаноска, која настапи во категоријата девојчиња 10 – 11 години, жолт појас, беше сопрена во вториот круг и овојпат остана без медал.

– Овие резултати покажуваат дека нашите млади таленти одат по стапките на Христијана Парулеска и дека можеме да очекуваме уште поголеми успеси на идни европски и светски првенства. Голема благодарност до генералниот спонзор ПН Метал, Општина Охрид и министерството за спорт за континуираната поддршка, вели Марјанчо Лазаревски, претседател на Македонската традиционална таеквон-до федерација.

Претставничките, предводени од Христијана Парулеска, која има испишано историја во македонскиот спорт, достоинствено го претставија клубот и докажаа дека можат рамноправно да се носат со врсничките од регионот. (Крај)

извор: ИнПрес фото: архива

Post navigation

Previous Во петок детскa интерактивна претстава „Другарство“ во Ohrid Mall
Next Во акцијата „За посреќно детство“ собрани над 50.000 денари, денес извлекување добитници на награди

Слични вести

Изложба на трудовите од БИМАС 2025 од утре во куќата на Робевци во Охрид Изложба на трудовите од БИМАС 2025 од утре во куќата на Робевци во Охрид

Изложба на трудовите од БИМАС 2025 од утре во куќата на Робевци во Охрид

Музичкото наследство на Тоше Проески во нова форма – албумот „Игри без граници“ објавен на винил Музичкото наследство на Тоше Проески во нова форма – албумот „Игри без граници“ објавен на винил
1 min read

Музичкото наследство на Тоше Проески во нова форма – албумот „Игри без граници“ објавен на винил

Со повеќе активности охридскиот Црвен крст ќе го одбележи Светски ден и неделата на Црвениот крст и Црвената полумесечина Со повеќе активности охридскиот Црвен крст ќе го одбележи Светски ден и неделата на Црвениот крст и Црвената полумесечина
1 min read

Со повеќе активности охридскиот Црвен крст ќе го одбележи Светски ден и неделата на Црвениот крст и Црвената полумесечина

Copyright © All rights reserved. | DarkNews by AF themes.