Skip to content
Inpress

Inpress

Брзо, Точно, Проверено

  • Дома
  • ВЕСТИ
    • Култура
    • Репортажа
  • СВЕТ
    • Балкан
    • Македонија
    • Охрид
    • Струга
  • ХРОНИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЛОКАЛНА САМОУПРАВА
  • СПОРТ
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • Home
  • Вести
  • Во недела 7. Меѓународен хорски фестивал „Гласот на Охрид“ во организација на градскиот хор Vox Lychnidos

Во недела 7. Меѓународен хорски фестивал „Гласот на Охрид“ во организација на градскиот хор Vox Lychnidos

1 min read
Во недела 7. Меѓународен хорски фестивал „Гласот на Охрид“ во организација на градскиот хор Vox Lychnidos

Охрид, 20. јуни 2025 (ОХРИДПРЕС) – Во недела, во катедралната црква „Св. Софија“ ќе се одржи седмиот Меѓународен хорски фестивал „Гласот на Охрид“, во организација на охридскиот градски мешан хор „Вокс Лихнидос“.

Публиката повторно ќе ужива во хорските композиции од различни музички жанрови, од класична музика до современи аранжмани, а со годинашниот фестивал ќе биде одбележан јубилејот 100 години од раѓањето на македонскиот композитор Кирил Македонски, автор на првата македонска опера „Гоце“, вели за Супер радио и InPress диригентот на „Вокс Лихнидос“, м-р Бурим Хидри.

– Како домаќини, ќе настапиме со композициите Kyrie и God shall wipe all tears од K. Jenkins, Africa – Toto и традиционалната турска песна Kızılcıklar oldu mu. На особено задоволство „Вокс Лихнидос“ премиерно во Македонија ќе ја изведе композицијата „Бум та ка бум“ посветена на хорот, од македонскиот композитор Гоце Гавриловски, потенцира Хидри.

Фестивалот ќе го отвори младиот Александар Гавриловски на пијано. Ќе гостуваат три ансамбли од Србија, хорот „Атендите“ при Културниот центар Кикинда, машкиот вокален ансамбл „Канон“ од Крагуевац и мешаниот хор „Educantus“ од Ниш, потоа младинскиот хор при средното музичко училиште „Prenk Jakova“ од Ѓаково, Косово, а од Македонија настапуваат женскиот младински хор при МКЦ Скопје и мешаниот хор „Драган Шуплевски“ предводени од диригентот Сашо Татарчевски.

Почетокот на фестивалот е во 19:00 часот, а влезот ќе биде слободен. (Крај)

извор: ИнПрес фото: архива

Post navigation

Previous Заврши судењето на градоначалникот на Струга за назначувањето директори на училишта, утре изрекувањето на пресудата
Next Голабоски: И годинава традицијата продолжува, 6. издание на планинско-езерскиот Фестивал на планината и езерото

Слични вести

Објавени огласите за упис на првачиња, документите ќе се доставуваат во текот на месец мај Објавени огласите за упис на првачиња, документите ќе се доставуваат во текот на месец мај

Објавени огласите за упис на првачиња, документите ќе се доставуваат во текот на месец мај

Охрид домаќин на 91 Средба на правниците, ќе се одржи од 23 до 25 април Охрид домаќин на 91 Средба на правниците, ќе се одржи од 23 до 25 април

Охрид домаќин на 91 Средба на правниците, ќе се одржи од 23 до 25 април

Источен Петок Балаклија: Чудата на Пресвета Богородица со изворот кај Цариград! Источен Петок Балаклија: Чудата на Пресвета Богородица со изворот кај Цариград!

Источен Петок Балаклија: Чудата на Пресвета Богородица со изворот кај Цариград!

Copyright © All rights reserved. | DarkNews by AF themes.