Skip to content
Inpress

Inpress

Брзо, Точно, Проверено

  • Дома
  • ВЕСТИ
    • Култура
    • Репортажа
  • СВЕТ
    • Балкан
    • Македонија
    • Охрид
    • Струга
  • ХРОНИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЛОКАЛНА САМОУПРАВА
  • СПОРТ
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • Home
  • Вести
  • Голабоски: И годинава традицијата продолжува, 6. издание на планинско-езерскиот Фестивал на планината и езерото

Голабоски: И годинава традицијата продолжува, 6. издание на планинско-езерскиот Фестивал на планината и езерото

1 min read
Голабоски: И годинава традицијата продолжува, 6. издание на планинско-езерскиот Фестивал на планината и езерото

Охрид, 20. јуни 2025 (ОХРИДПРЕС) – И годинава традицијата продолжува, викендов по шести пат ќе има многу авантура, планинарење, велосипедизам, логорување, забава и уживање на Фестивалот на планината и езерото, во организација на авантуристичкиот клуб „Mountain Madness“.

Започнуваме утре со рекреативни велосипедски тури на локации покрај Охридското Езеро, со што ќе се одбележи Денот на Охридското Езеро, 21-ви јуни. Настанот продолжува во попладневните часови, со логорување во месноста „Корита“, вели за Супер радио и InPress Жанко Голабоски од клубот „Mountain Madness“.

– Ги очекуваме во попладневните часови да пристигнат учесниците кои се за логорување на „Корита“, се поставува кампот, логорот, шаторите, логорскиот оган ќе го палат припадници на ТППЕ Охрид. Утревечер ќе се седи покрај логорскиот оган, се кампува на отворено, во пријатна атмосфера како и минатите години, вели Голабоски.

Главниот настан, искачување до врвот Магаро ќе биде во недела. Стартна точка е месноста „Липова Ливада“, а оваа година има и полесна тура од истата стартна точка до врвот Лако Сигној, од каде се простира одличен поглед на двете езера.

– Стартот во недела ќе биде во групи, во периодот од 07:00 до 08:00 часот, како ќе пристигнуваат групите така ќе се упатуваат кон врвовите Магаро и Лако Сигној. Влезот во НП „Галичица“ е бесплатен, учесниците имаат попусти на пијалоците во планинарскиот дом „Спиридон“. Во исто време ќе може да присуствуваат и на филмскиот фестивал „Еко-Ехо на Галичица“, потенцира Голабоски.

OLYMPUS DIGITAL CAMERA

По искачувањето на врвовите, ќе се следи забава на плажа сé до зајдисонце. Овој фестивал нуди уникатна можност во ист ден да бидете на врвот на планината и да се капете во Охридското Езеро. Настанот се организира со поддршка од Општина Охрид и НП „Галичица“.

Галичица е планина сместена помеѓу двете најголеми езера во Република Македонија, Охридското и Преспанското. Врвовите на Галичица нудат неверојатен поглед кон двете езера и околните планини.Со оглед на тоа што фестивалот вклучува повеќе настани, од вело тура, логорување, искачување на Магаро, забава на плажа… избор на учесникот е во која ќе се вклучи, а може да направи и комбинација. Секој учесник треба да поседува планинарска опрема, храна од ранец и 1,5 литар вода. Учесниците одат на своја одговорност и за секое непочитување на маршутата и правилата поставени од организаторот сами одговараат за последиците. (Крај)

извор: ИнПрес фото: архива

Post navigation

Previous Во недела 7. Меѓународен хорски фестивал „Гласот на Охрид“ во организација на градскиот хор Vox Lychnidos
Next Уникатно доживување за публиката приредија учесниците на 7. Меѓународен хорски фестивал „Гласот на Охрид“ (Фото)

Слични вести

Распишан конкурс за најдобар расказ по повод манифестацијата „Вечер на Живко Чинго“ Распишан конкурс за најдобар расказ по повод манифестацијата „Вечер на Живко Чинго“
1 min read

Распишан конкурс за најдобар расказ по повод манифестацијата „Вечер на Живко Чинго“

Трето издание на „Детски Прличеви беседи“ на 9. jуни Трето издание на „Детски Прличеви беседи“ на 9. jуни
1 min read

Трето издание на „Детски Прличеви беседи“ на 9. jуни

На крај на јуни ќе се одржи петтото издание на Ohrid Wine Festival На крај на јуни ќе се одржи петтото издание на Ohrid Wine Festival
1 min read

На крај на јуни ќе се одржи петтото издание на Ohrid Wine Festival

Copyright © All rights reserved. | DarkNews by AF themes.