СОСУ Св Кирил и Методиј Орхид Економско средно училиште
Охрид, 24. јуни 2025 (ИНПРЕС) – По првото пријавување во јунскиот уписен рок во четирите средношколски центри во Охрид се запишаа вкупно 455 полуматуранти.
Во Општинското средно училиште „Свети Климент Охридски“ во прва година се запишаа 114 ученици, во СОСУ „Свети Кирил и Методиј“ запишани се 115 ученици, во ОЕМУЦ „Св. Наум Охридски“ 190 и во РЦСОО „Ванчо Питошески“ 36 деветтоодделенци.
За второто пријавување во јуни во сите училишта слободни се вкупно 328 места.

Во охридската Гимназија преостанати се 90 места, предвидената квота во СОСУ „Свети Кирил и Методиј“ за образовниот профил техничар за е-трговија и дигитален маркетинг е веќе пополнета, а има слободни уште 24 места за образовниот профил економски техничар и 4 за медицинска сестра. Во ОЕМУЦ „Св. Наум Охридски“ има слободни 96 места, а веќе е пополнета квотата за профилот техничар за патен сообраќај. Во РЦСОО „Ванчо Питошески“ има слободни уште 114 места.
Второто електронско пријавување на учениците ќе се врши на 30-ти јуни од 00:00 до 23:59 часот. Доставувањето на потребната документација до училиштата е на 1-ви јули од 10:00 до 19:00 часот. Конечната ранг листа со резултатите од запишувањето и слободните места, секое училиште ја
објавува на 2-ри јули, најдоцна до 12.00 часот, на јавно место во училиштето и/или на училишната интернет страница. Пријавувањето во августовскиот рок, според објавениот конкурс, ќе се врши на 21-ви август. (Крај)
извор: ИнПрес фото: ИнПрес
