Охрид, 1. октомври 2025 (ИНПРЕС) – Продолжува програмата во рамки на проектот на Општина Охрид, Културата расте со децата „За сите деца“.
Во петок, 3-ти октомври, со почеток во 19:00 часот, во трговскиот центар Ohrid Mall ќе се одржи интерактивен концерт со Стела и Сани.
Инаку, проектот „Културата расте со децата – За сите деца“ од овој месец па сѐ до мај ќе се реализира во трговскиот центар Ohrid Mall.
Секој петок со почеток од 19:00 часот ќе има различна содржина за најмладите. (Крај)
извор: ИнПрес фото: архива
