Пештани плажа Охридско Езеро
Охрид, 6. август 2025 (ИНПРЕС) – Во сабота, 9-ти август, започнува седмото издание на манифестацијата „Културно лето Пештани 2025“.
Со тоа продолжуваат традиционалните културни збиднувања во ова село.
– По седми пат го славиме духот на уметноста и традицијата во ова мало место на мапата, но големо по душа. Придружете ни се, инспирајте се, создавајте, велат организаторите.

Манифестацијата ќе се одржи во центарот на село Пештани, а присутните ќе уживаат во староградска музика, да ја видат живата традиција – замесување за свадба, а од повозрасните жители на селото ќе ги чујат спомените, легендите и вредностите поврзани со ова место. Предвидена е и промоција на книги и поезија од најмладите.
Од 10-ти до 13-ти август од 17:00 часот ќе се реализира уметничка работилница на која најмладите ќе сликаат под боите на зајдисонцето.
Манифестацијата ја организира и реализира Граѓанското здружение „Arte Azzurra“, со поддршка на Општина Охрид. (Крај)
извор: ИнПрес фото: архива
