Skip to content
Inpress

Inpress

Брзо, Точно, Проверено

  • Дома
  • ВЕСТИ
    • Култура
    • Репортажа
  • СВЕТ
    • Балкан
    • Македонија
    • Охрид
    • Струга
  • ХРОНИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЛОКАЛНА САМОУПРАВА
  • СПОРТ
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • Home
  • Вести
  • Во сабота работилница за изработка на ѕвездите за Бадниковата поворка

Во сабота работилница за изработка на ѕвездите за Бадниковата поворка

1 min read
Во сабота работилница за изработка на ѕвездите за Бадниковата поворка

Охрид, 23. декември 2025 (ИНПРЕС) – Во сабота, 27-ми декември, во спортската сала на ОУ „Христо Узунов“ ќе се одржи првата креативно – уметничка работилница за изработка на ѕвездичките што ќе ги носат дечињата учесници во Бадниковата поворка 2026.

Работилницата ќе започне во 12:00 часот. Ваква работилница, во недела, 28-ми декември, ќе се одржи и во селото Велгошти.

Досега се одржани две проби за Бадниковата поворка, кои поминале во прекрасна атмосфера исполнета со детска радост, смеа и празничен дух.

– Дечињата беа одлични и со секоја проба сè повеќе ја чувствуваат магијата на Бадник. Со нетрпение ја чекаме следната средба, во сабота, исполнети со уште повеќе среќа, радост и празнична топлина, велат од Бадникови поворки Охрид.

Покрај од Охрид, во поворката учествуваат и дечиња од околните села и населени места, како и од Општина Дебрца.

Во насока на негување на традиција на православно празнување на Бадник, со пеење на православни црковни песни, на 6-ти јануари, стотици деца низ охридските улици ќе ја пеат песната „Вечниот Бог“. Учесниците во поворката ќе носат ѕвезди што ја симболизираат ѕвездата деница што го покажала патот на мудреците до пештерата.

Мотото на манифестацијата „Бадникови поворки“ 2026 е „Со Божиќната радост срца да стоплиме!“. (Крај)

извор: ИнПрес фото: архива

Post navigation

Previous Николоски: До февруари се очекува да заврши рехабилитацијата на патниот превој Пресека
Next Основен суд Охрид во 2024 година оценет како ажурен, недостасуваат 10 судии

Слични вести

Лазаревски за InPress и Супер радио: Учествата на Европско или Светско првенство за нас е огромен успех, како федерација сме една од поуспешните Лазаревски за InPress и Супер радио: Учествата на Европско или Светско првенство за нас е огромен успех, како федерација сме една од поуспешните
1 min read

Лазаревски за InPress и Супер радио: Учествата на Европско или Светско првенство за нас е огромен успех, како федерација сме една од поуспешните

Во сабота Меѓународна подводна еколошка акција за чистење на Охридското Езеро Во сабота Меѓународна подводна еколошка акција за чистење на Охридското Езеро
1 min read

Во сабота Меѓународна подводна еколошка акција за чистење на Охридското Езеро

Охрид во март го посетиле 13.475 странски туристи, најмногу од Франција, Србија и Турција Охрид во март го посетиле 13.475 странски туристи, најмногу од Франција, Србија и Турција
1 min read

Охрид во март го посетиле 13.475 странски туристи, најмногу од Франција, Србија и Турција

Copyright © All rights reserved. | DarkNews by AF themes.