Skip to content
Inpress

Inpress

Брзо, Точно, Проверено

  • Дома
  • ВЕСТИ
    • Култура
    • Репортажа
  • СВЕТ
    • Балкан
    • Македонија
    • Охрид
    • Струга
  • ХРОНИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЛОКАЛНА САМОУПРАВА
  • СПОРТ
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • Home
  • Вести
  • Во септември во Охрид издадени 5 одобренија за градба, во Струга 4, во Дебрца ниту едно

Во септември во Охрид издадени 5 одобренија за градба, во Струга 4, во Дебрца ниту едно

Во септември во Охрид издадени 5 одобренија за градба, во Струга 4, во Дебрца ниту едно

Охрид, 11. ноември 2025 (ИНПРЕС) – Во месец септември во Охрид биле издадени 5 одобренија за градење, објавија од Државниот завод за статистика на Република Македонија.

Сите одобренија се издадени на физичко лице. Предвидена е градба на 7 станови, најмногу трособни, со вкупна корисна површина од 835 м². Во анализираниот период во општина Струга се издадени 4 одобренија, по две на физичко и правно лице, додека во Дебрца нема издадени одобренија.

На ниво на Република Македонија, во септември 2025 година издадени се 314 одобренија за градење. Од вкупниот број на издадени одобренија, 220 се наменети за објекти од високоградба, 38 за објекти од нискоградба и 56 за објекти за реконструкција. Од вкупно 314 објекти, на 229 како инвеститори се јавуваат физички лица, а на 85 инвеститори се деловни субјекти.

Во извештајниот период е предвидена изградба на 727 станови, со вкупна корисна површина од 69.411 м². (Крај)

извор: ИнПрес фото: ИнПрес

Post navigation

Previous Охрид во септември го посетиле 29.386 странски туристи, најмногу од Турција, Србија, Германија и Полска
Next Монодрамата „Последната ноќ на Јустинијан Први” наскоро ќе биде изведена во Охрид

Слични вести

ИЈЗ: И понатаму се намалува бројот на заболени од грип, во Охрид евидентирани помалку од 30 случаи ИЈЗ: И понатаму се намалува бројот на заболени од грип, во Охрид евидентирани помалку од 30 случаи
1 min read

ИЈЗ: И понатаму се намалува бројот на заболени од грип, во Охрид евидентирани помалку од 30 случаи

Водата во Долно Лакочереј безбедна за пиење, во Горно Лакочереј забраната останува на сила Водата во Долно Лакочереј безбедна за пиење, во Горно Лакочереј забраната останува на сила

Водата во Долно Лакочереј безбедна за пиење, во Горно Лакочереј забраната останува на сила

Се гради модерна водоводна мрежа во Струга Се гради модерна водоводна мрежа во Струга

Се гради модерна водоводна мрежа во Струга

Copyright © All rights reserved. | DarkNews by AF themes.