Skip to content
Inpress

Inpress

Брзо, Точно, Проверено

  • Дома
  • ВЕСТИ
    • Култура
    • Репортажа
  • СВЕТ
    • Балкан
    • Македонија
    • Охрид
    • Струга
  • ХРОНИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЛОКАЛНА САМОУПРАВА
  • СПОРТ
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • Home
  • Вести
  • „Заборавениот звук на Садило“ – во четврток концерт во спомен на Климе Садило

„Заборавениот звук на Садило“ – во четврток концерт во спомен на Климе Садило

1 min read
„Заборавениот звук на Садило“ – во четврток концерт во спомен на Климе Садило

Охрид, 10. јуни 2023 (ИНПРЕС) – „Заборавениот звук на Садило“ е насловен концертот, што во спомен на Климе Садило ќе го одржи во Охрид во четврток, 12-ти јуни со почеток од 20:00 часот, во предворјето на катедралната црква „Св. Софија“.

– И оваа година ќе можете да  уживате во настапите на КУД „Далги“ при Здружението на пензионери од Охрид и Дебрца, Охридскиот камерен оркестар, како и изведбата на драмата „Виолина што одекнува низ вековите“ од м-р Михаил Патчев, информираат организаторите.

Климе Садило е роден 1881 година во Охрид. Од млада возраст се занимавал со чалгискиот занает. Најпрвин свирел со татко му, а од 1906 година ја оформил својата тајфа „Такамот на Садиловци“, подоцна преименувана во „Охридски трубадури“. Припаѓа на втората, а според некои истражувачи на третата генерација охридски чалгаџии. Во песните што ги изведувале се пеело за старите охридски семејства, правилата и нормите на живеење, традицијата и обичаите, за забранетата и неостварената љубов, како и за идеалите на народот на овие простори и секако за борбата за слобода. (Крај)

извор: ИнПрес фото: архива

Post navigation

Previous Презентација на прирачник и онлајн курсеви за наставници и тренери „Улогата на образованието и наставниците во решавање на проблемите на животната средина“
Next Детската претстава „Пинокио“ во петок на сцената кај ТЦ „Амам“

Слични вести

ИЈЗ: И понатаму се намалува бројот на заболени од грип, во Охрид евидентирани помалку од 30 случаи ИЈЗ: И понатаму се намалува бројот на заболени од грип, во Охрид евидентирани помалку од 30 случаи
1 min read

ИЈЗ: И понатаму се намалува бројот на заболени од грип, во Охрид евидентирани помалку од 30 случаи

Водата во Долно Лакочереј безбедна за пиење, во Горно Лакочереј забраната останува на сила Водата во Долно Лакочереј безбедна за пиење, во Горно Лакочереј забраната останува на сила

Водата во Долно Лакочереј безбедна за пиење, во Горно Лакочереј забраната останува на сила

Се гради модерна водоводна мрежа во Струга Се гради модерна водоводна мрежа во Струга

Се гради модерна водоводна мрежа во Струга

Copyright © All rights reserved. | DarkNews by AF themes.