Skip to content
Inpress

Inpress

Брзо, Точно, Проверено

  • Дома
  • ВЕСТИ
    • Култура
    • Репортажа
  • СВЕТ
    • Балкан
    • Македонија
    • Охрид
    • Струга
  • ХРОНИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЛОКАЛНА САМОУПРАВА
  • СПОРТ
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • Home
  • Вести
  • Во четврток започнува одбележувањето на 81 година од ослободувањето на Охрид

Во четврток започнува одбележувањето на 81 година од ослободувањето на Охрид

1 min read
Во четврток започнува одбележувањето на 81 година од ослободувањето на Охрид

Охрид, 3. ноември 2025 (ОХРИДПРЕС) – Со пригодна програма ќе биде одбележана 81-годишнината од ослободувањето на Охрид.

Свеченостите започнуваат во четврток, 6-ти ноември, со изложбата „Охрид преку делата на Славко и Никола Упевче“, по што ќе следи културно – уметничката програма насловена „Охридска музичка антологија“.

Во петок, 7-ми ноември, предвидени се бројни активности. ЈП „Охридски Комуналец“ ќе го одбележи патрониот празник,  а ќе биде положено и свежо цвеќе на спомен-обележјата од НОБ, на Градските гробишта, во Градскиот парк, пред Основниот суд во Охрид и во дворот на СОСУ „Св. Кирил и Методиј“. Панихида и полагање цвеќе е предвидено и пред спомен-обележјето на Јасна Ристеска во селото Рамне.

Од 10:00 до 11:00 часот ќе се одржи „Ohrid fly Festival“, регионален параглајдинг перформанс по повод Денот на ослободување на Охрид, по што ќе биде положено цвеќе на спомен-обележјата од НОБ во Спомен паркот на револуцијата.

Како дел од програмата е и свечената приредба по повод Патрониот празник на ЈОУДГ „Јасна Ристеска“ од 17:00 часот во СРЦ „Билјанини извори“ и Седмоноемврискиот концерт на учениците од ОМУ „Методи Патче“ во концертната сала на училиштето. Од 19:00 часот во предворјето на црквата „Св.Софија“ ќе биде промовиран албумот „Егрегор“ и концерт на Никола Стојковски (Fin project) и Тања Царовска.

Во сабота, 8-ми ноември, од 18:00 часот во ОСУ „Св.Климент Охридски“ ќе се одржи музичко – сценскиот проект „Ехото на Охрид“, свечен аудиовизуелен настан по повод денот на ослободувањето „Развој на животот: Од келија до ѕвезди“. (Крај)

извор: ИнПрес фото: ИнПрес/архива

Post navigation

Previous Доделено уверението за нов мандат на градоначалникот Кирил Пецаков (Фото/Видео)
Next Два сребрени и еден бронзен медал од „Плевен Опен 2025″ за младите теквондисти од МТТФ

Слични вести

ИЈЗ: Значителен пад во бројките на заболени од грип, во Охрид регистрирани помалку од 30 случаи ИЈЗ: Значителен пад во бројките на заболени од грип, во Охрид регистрирани помалку од 30 случаи
1 min read

ИЈЗ: Значителен пад во бројките на заболени од грип, во Охрид регистрирани помалку од 30 случаи

Здравје: Намирници кои придонесуваат за здравјето на бубрезите Здравје: Намирници кои придонесуваат за здравјето на бубрезите

Здравје: Намирници кои придонесуваат за здравјето на бубрезите

Во сабота Охрид домаќин на Државно првенство во традиционално таеквондо Во сабота Охрид домаќин на Државно првенство во традиционално таеквондо
1 min read

Во сабота Охрид домаќин на Државно првенство во традиционално таеквондо

Copyright © All rights reserved. | DarkNews by AF themes.