Охрид, 12. јуни 2026 (ИНПРЕС) – Охрид утре ќе биде домаќин на вториот турнир од Јадранската текбол лига за 2026 година. Најдобрите текери од регионот во битка за „Јадранска круна“ во бисерот на Република Македонија.
Ќе има играчи од Република Македонија, Србија, Црна Гора, Албанија, Бугарија, Унгарија и Малезија.
На турнирот ќе учествува и еден од нашите најдобри текери, македонскиот репрезентативец, охриѓанецот Димитар Пејчиновски. Тој изрази задоволство што повторно ќе се натпреварува во својот град.

Ќе се игра во две категории, машки сингл и машки парови, а предвидениот награден фонд е 3.000 евра.
Натпреварите од групната фаза ќе бидат во салата на ООУ „Григор Прличев“ од 10:00 часот, додека полуфиналните и финалните дуели на градскиот Кеј „Македонија“. (Крај)
извор: ИнПрес фото: архива
