Skip to content
Inpress

Inpress

Брзо, Точно, Проверено

  • Дома
  • ВЕСТИ
    • Култура
    • Репортажа
  • СВЕТ
    • Балкан
    • Македонија
    • Охрид
    • Струга
  • ХРОНИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЛОКАЛНА САМОУПРАВА
  • СПОРТ
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • Home
  • Вести
  • Во јуни уписи во средните училишта, во Охрид може да се запишат 783 полуматуранти

Во јуни уписи во средните училишта, во Охрид може да се запишат 783 полуматуранти

1 min read
Во јуни уписи во средните училишта, во Охрид може да се запишат 783 полуматуранти

Охрид, 1. април 2025 (ИНПРЕС) – Министерството за образование и наука денеска го објави Конкурсот за запишување ученици во јавните средни училишта за учебната 2025/2026 година.

Ќе има три пријавувања за полуматурантите, две во јуни и едно во август.

Согласно објавениот конкурс за упис во средните училишта во учебната 2025/2026 година, во четирите средношколски центри во Охрид ќе може да се запишат 783 полуматуранти.

Во Општинското средно училиште „Свети Климент Охридски“ слободни има 204 места за идните средношколци.

News from Ohrid, Vesti od Ohrid, Ohrid news. Вести од Охрид, Новости Охрид, Информации од Охрид 24 часа - Брзо, точно, проверено...

Во СОСУ „Свети Кирил и Методиј“ можат да се запишат 143 ученици од кои 109 во економско-правната и трговска струка и 34 во здравствената струка.

Во ОЕМУЦ „Св. Наум Охридски“ има 286 слободни места, во 10 паралелки, според наставните планови и програми за машинство, електротехника и информатички технологии, лични и други услуги, сообраќај, транспорт и складирање.

Во РЦСОО „Ванчо Питошески“ во прва година може да се запишат 150 ученици во 6 паралелки и тоа во сектор угостителство и туризам.

Пријавувањето на учениците ќе биде електронско преку линк до порталот за електронски услуги на Министерството за образование и наука e-uslugi.mon.gov.mk со специјална најава за средношколци преку нивните кориснички сметки на Schools.mk.

Првото електронско пријавување на учениците ќе биде од 00:00 часот на 14 јуни до 23:59 часот на 17 јуни. Доставувањето на потребната документација до училиштата ќе биде на 18 и 19 јуни, а конечната ранг-листа со резултатите од запишувањето и слободните места, секое училиште ќе ја објави на 20 јуни.

Второто електронско пријавување во јунскиот рок ќе биде на 30 јуни, доставувањето на документите на 1 јули и објавувањето на конечната ранг-листа и слободните места на 2 јули.

Пријавувањето во августовскиот рок, според објавениот конкурс, ќе се врши на 21 август.

Младите од Охрид и околните општини можат да направат добар избор на средно образование, бидејќи од четири средни училишта, три нудат стручна едукација, односно паралелки за профили во повеќе различни струки кои се барани на пазарот на трудот. (Крај)

извор: ИнПрес фото: ИнПрес

Post navigation

Previous Таравари: Од 193 повредени во пожарот во Кочани, 93 се на домашно лекување, тројца се во критична состојба
Next Благо подобрување на езерскиот водостој, но и понатаму под месечниот просек

Слични вести

Здравје: Колку се здрави протеинските прашоци? Здравје: Колку се здрави протеинските прашоци?
1 min read

Здравје: Колку се здрави протеинските прашоци?

Голабоска за InPress и Супер радио: Љубовта кон филмот се развиваше во втор план, театарот ми помогна во работата со актерите и градењето на улогите Голабоска за InPress и Супер радио: Љубовта кон филмот се развиваше во втор план, театарот ми помогна во работата со актерите и градењето на улогите
1 min read

Голабоска за InPress и Супер радио: Љубовта кон филмот се развиваше во втор план, театарот ми помогна во работата со актерите и градењето на улогите

„Заборави“ – нова љубовна балада на Мими Јовановска „Заборави“ – нова љубовна балада на Мими Јовановска
1 min read

„Заборави“ – нова љубовна балада на Мими Јовановска

Copyright © All rights reserved. | DarkNews by AF themes.