October 12, 2016

Александропулис, 12. октомври 2016 (ИНПРЕС) – Грчката Влада го одби барањето за азил на седуммина од осумте турски војници, кои по неуспешниот воен пуч од Турција со хеликоптер побегнаа во Грција, објавија грчките медиуми.

На одлуката за судбината на осмиот пребеган војник се уште се чека. Осуммина припадници на турската војска на 16 јули, еден ден по обидот за пуч, пребега во Грција, јавија британските медиуми.

Со воен хеликоптер тие слетаа во градот Александропулис, во близина на турската граница. (Крај)

извор: МИА фото: архива