Skip to content
Inpress

Inpress

Брзо, Точно, Проверено

  • Дома
  • ВЕСТИ
    • Култура
    • Репортажа
  • СВЕТ
    • Балкан
    • Македонија
    • Охрид
    • Струга
  • ХРОНИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЛОКАЛНА САМОУПРАВА
  • СПОРТ
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • Home
  • Македонија
  • Половина милион туристи од Македонија ја посетиле Грција во првата половина од 2016

Половина милион туристи од Македонија ја посетиле Грција во првата половина од 2016

Скопје/Атина, 15. октомври 2016 (ИНПРЕС) – Повеќе од половина милион туристи од Македонија ја посетиле Грција во првите шест месеци од годинава.

Според бројките на грчката Народна банка за периодот од јануари до јуни во Грција се регистрирани 574.600 туристи од Македонија.

Македонските туристи се на четврто место на најбројни туристи, по туристите од Велика Британија, Германија и Бугарија. Профитот од македонските туристи во првите шест месеци е 59 милиони евра, а регистрирани се 1.312.000 ноќевања во Грција.

Статистиката на грчката Народна банка покажува намалување на бројот на македонски туристи годинава во споредба со лани. Според статистиката бројот на македонски туристи од јануари до јуни годинава е за 27,7 отсто помал во споредба со истиот период лани, кога во Грција имало 794.600 туристи од Македонија. Поради ова има пад од 13,4 отсто во бројот на ноќевања. (Крај)

извор: Мета фото: архива

Post navigation

Previous Грција одби азил на турски војници
Next Павлопулос: Македонија била и ќе остане грчка

Слични вести

Утре започнува 91 Средба на правниците во Охрид Утре започнува 91 Средба на правниците во Охрид

Утре започнува 91 Средба на правниците во Охрид

Охрид домаќин на 91 Средба на правниците, ќе се одржи од 23 до 25 април Охрид домаќин на 91 Средба на правниците, ќе се одржи од 23 до 25 април

Охрид домаќин на 91 Средба на правниците, ќе се одржи од 23 до 25 април

Охрид во февруари го посетиле 4.434 странски туристи, најмногу од Грција, Србија, Франција и Кина Охрид во февруари го посетиле 4.434 странски туристи, најмногу од Грција, Србија, Франција и Кина

Охрид во февруари го посетиле 4.434 странски туристи, најмногу од Грција, Србија, Франција и Кина

Copyright © All rights reserved. | DarkNews by AF themes.