Skip to content
Inpress

Inpress

Брзо, Точно, Проверено

  • Дома
  • ВЕСТИ
    • Култура
    • Репортажа
  • СВЕТ
    • Балкан
    • Македонија
    • Охрид
    • Струга
  • ХРОНИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЛОКАЛНА САМОУПРАВА
  • СПОРТ
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • Home
  • Вести
  • ДЗР: Охрид има донесено стратегии за развој на зеленилото, изготвен е и зелен катастар, но истиот не е јавно достапен

ДЗР: Охрид има донесено стратегии за развој на зеленилото, изготвен е и зелен катастар, но истиот не е јавно достапен

1 min read
ДЗР: Охрид има донесено стратегии за развој на зеленилото, изготвен е и зелен катастар, но истиот не е јавно достапен

Охрид кеј Македонија сонце Охридско Езеро

Скопје/Охрид, 13. мај 2025 (ИНПРЕС) – Охрид заедно со град Скопје се единствени од 34 општини со седиште во град што имаат донесено стратегии за развој на зеленилото, покажува најновиот извештај на Државниот завод за ревизија (ДЗР) на успешност на тема „Урбанистичко планирање на зелената инфраструктура во градовите“.

– Стратегијата за развој на зеленило на Општина Охрид е донесена за период од 2023 – 2032 година, со стратешка цел Охрид да стане одржлив „зелен град“, со мрежа на висококвалитетни и атрактивни зелени површини, што ќе придонесе за благосостојбата и здравјето на сите граѓани и посетители, притоа зачувувајќи ја животната средина и биодиверзитетот. Со стратешката цел, треба да се задоволи и законската обврска за 25 м² по глава на жител застапеност на зелени урбани инфраструктури, е наведено во ревизорскиот извештај.

Процентот на планирано зеленило согласно актуелните генерални урбанистички планови за Охрид е 10.82%. Според извештајот во Општина Охрид се одржуваат 1,6 м² зелени површини по глава на жител.

Ревизијата покажала дека Општина Охрид има изготвено зелен катастар во форма на Географски информативен систем (ГИС) но истиот не е јавно достапен.

Во извештајот стои и дека Општините Велес и Охрид за периодот 2020-2024 година немаат воопшто реализација на програмите за изработка на урбанистичките планови, односно немаат донесени детални урбанистички планови.

– Со ова, планираните буџетски средства за урбанистичко планирање на општините остануваат неискористени во текот на буџетската година, општините ги префрлаат истите планови во програмата за наредната година и
повторно ги предвидуваат истите износи, што влијае на динамиката на реализација на плановите, стои во извештајот.

Во насока на подобрување на состојбите ДЗР има препораки за државните институции, но и за единиците на локалните самоуправи. За Општина Охрид се препорачува воспоставување на зелен катастар во форма на ГИС портал достапен за јавноста, реално планирање на потребите за финансирање на урбанистички планови во годишните програми и определување на финансиски средства поединечно за секој план/проект, подигање на нови зелени површини со цел постигнување на стандардите за зеленило по глава на жител, зајакнување на инспекцискиот надзор од страна на комуналната инспекција и изрекување на санкции за прекршителите, донесување на одлуки за наплата на надоместокот за одржување на јавни зелени површини и наплата на надоместоците за користење на јавни зелени површини и поставување на рекламни паноа на зелени површини и нивна редовна наплата.

Од ДЗР потенцираат дека масовната урбанизација на просторот, долгите постапки за донесување на урбанистички планови, недонесените годишни програми за подигање и одржување на зеленилото, финансирањето на урбанистички планови од приватни лица, не изрекувањето на глоби спрема прекршителите, придонесуваат да не се исполни препорачаниот стандард на озеленетост во градовите. (Крај)

извор: ИнПрес/ДЗР фото: ИнПрес

Post navigation

Previous Република Македонија во март ја посетиле 55.270 странски туристи, најмногу од Германија, Турција, Франција и Грција
Next Охридската библиотека во петок ќе биде затворена за читателите

Слични вести

Лазаревски за InPress и Супер радио: Учествата на Европско или Светско првенство за нас е огромен успех, како федерација сме една од поуспешните Лазаревски за InPress и Супер радио: Учествата на Европско или Светско првенство за нас е огромен успех, како федерација сме една од поуспешните
1 min read

Лазаревски за InPress и Супер радио: Учествата на Европско или Светско првенство за нас е огромен успех, како федерација сме една од поуспешните

Во сабота Меѓународна подводна еколошка акција за чистење на Охридското Езеро Во сабота Меѓународна подводна еколошка акција за чистење на Охридското Езеро
1 min read

Во сабота Меѓународна подводна еколошка акција за чистење на Охридското Езеро

Охрид во март го посетиле 13.475 странски туристи, најмногу од Франција, Србија и Турција Охрид во март го посетиле 13.475 странски туристи, најмногу од Франција, Србија и Турција
1 min read

Охрид во март го посетиле 13.475 странски туристи, најмногу од Франција, Србија и Турција

Copyright © All rights reserved. | DarkNews by AF themes.