Детска театарска претстава „Плашливиот лав“ во ОУ „Св. Наум Охридски“ во Пештани
April 25, 2025

Охрид, 25. април 2025 (ИНПРЕС) – Денеска продолжува програма за деца од проектот Културата расте со децата „За сите деца“.

Во просториите на ОУ „Св. Наум Охридски“ во Пештани ќе биде изведена театарската претстава „Плашливиот лав“. Почетокот е во 12:00 часот.

„Плашливиот лав“ е детска театарска претстава која носи силна порака за другарство и социјализација кај децата.
Основното дејствие се случува во големиот магичен град – Вондер Сити. Автор е Марјан Анѓеловски, а играат: Јасмин Рамани и Мето Јанакиевски. (Крај)

извор: ИнПрес фото: архива