Skip to content
Inpress

Inpress

Брзо, Точно, Проверено

  • Дома
  • ВЕСТИ
    • Култура
    • Репортажа
  • СВЕТ
    • Балкан
    • Македонија
    • Охрид
    • Струга
  • ХРОНИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЛОКАЛНА САМОУПРАВА
  • СПОРТ
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • Home
  • Вести
  • Езерското ниво и понатаму под просекот за овој период од годината

Езерското ниво и понатаму под просекот за овој период од годината

1 min read
Езерското ниво и понатаму под просекот за овој период од годината

Пештани плажа Охридско Езеро

Охрид, 7. мај 2025 (ИНПРЕС) – Водостојот на Охридското Езеро и понатаму е под просекот за овој период од годината.

Подолг период хидролошката состојба во континуитет бележи подобрување, но тоа не е доволно нивото да го достигне просекот за мај.

Според денешните мерења на Управата за хидрометеоролошки работи на Република Македонија (УХМР) водостојот е на кота од 693,39 м.н.в што е за 26 сантиметри под просекот за овој месец (693,65 м.н.в) и 29 сантиметри над минимално дозволената кота (693,10 м.н.в). Температурата на езерската вода, измерена утрово е 13 степени и е за 2 степени пониска од просечната.

Со надеж дека одговорните ќе преземат соодветни мерки и нема да ни се случи „Преспанизација“ на Охридското Езеро, на OhridPress продолжува рубриката „До кај сме“ каде секој ден објавуваме по една фотографија од истата локација од процесот на претворање на охридското „Островче“ во полуостров.

Во Охрид денес променливо облачно и нестабилно време со услови за локален дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Максималната температура ќе се искачи до 21. степени.

– Под влијание на влажна и нестабилна воздушна маса во текот на оваа седмица времето ќе биде променливо облачно и нестабилно со честа појава на локални врнежи од дожд и грмежи. Денеска наместа процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме со пообилен пороен дожд (за кратко време поголема количина), грмежи, силен ветер (над 60 km/h) и изолирана појава на град. Во четврток во западните делови ќе дува засилен ветер од југозападен правец, информираат од УХМР. (Крај)

извор: ИнПрес фото: ИнПрес/УХМР

Post navigation

Previous Измени во календарот за подигнување отпад од пластика и хартија од кантите за селекција
Next Околу 500 учесници беа дел од хуманитарната трка „Од срце трчај, со срце дарувај за Кочани”

Слични вести

Забрана за пиење на водата од изворот во Елшани Забрана за пиење на водата од изворот во Елшани
1 min read

Забрана за пиење на водата од изворот во Елшани

Се подобрува водостојот на Охридското Езеро, денес е на кота од 693,63 м.н.в Се подобрува водостојот на Охридското Езеро, денес е на кота од 693,63 м.н.в

Се подобрува водостојот на Охридското Езеро, денес е на кота од 693,63 м.н.в

Завидни резултати за охридските стрелци на вториот Куп во гаѓање со воздушно оружје – меѓународна програма Завидни резултати за охридските стрелци на вториот Куп во гаѓање со воздушно оружје – меѓународна програма
1 min read

Завидни резултати за охридските стрелци на вториот Куп во гаѓање со воздушно оружје – меѓународна програма

Copyright © All rights reserved. | DarkNews by AF themes.