Skip to content
Inpress

Inpress

Брзо, Точно, Проверено

  • Дома
  • ВЕСТИ
    • Култура
    • Репортажа
  • СВЕТ
    • Балкан
    • Македонија
    • Охрид
    • Струга
  • ХРОНИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЛОКАЛНА САМОУПРАВА
  • СПОРТ
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • Home
  • Вести
  • Започнуваат свеченостите по повод 23. Октомври, Денот на македонската револуционерна борба

Започнуваат свеченостите по повод 23. Октомври, Денот на македонската револуционерна борба

1 min read
Започнуваат свеченостите по повод 23. Октомври, Денот на македонската револуционерна борба

Охрид, 22. октомври 2025 (ИНПРЕС) – Со повеќе свечености Општина Охрид и годинава ќе го одбележи 23. Октомври, Денот на македонската револуционерна борба.

Денеска напладне во Спомен куќата на Григор Прличев ќе биде промовирана книгата „Охридски фолклористи“ од проф. д-р Димитар Пандев и Славе Ѓорѓо Димоски во издание на Општина Охрид. Ќе следат обраќања на претставник од Општина Охрид, авторите, уредникот на едицијата „Охридско книжевно налседство“, како и настап на Митко Колјушевски и учениците од ОМУ „Методи Патчев“.

Вечерваод 19:00 часот во Центарот за култура „Григор Прличев“ ќе се одржи свечената академија по повод празникот. Предвидено е обраќање на претставник на Општина Охрид, по што ќе следи богата културно-уметничка програма.

Утре од 10:00 часот во Градскиот парк ќе биде положено свежо цвеќе пред спомен – обележјата на охридските револуционери. (Крај)

извор: ИнПрес фото: архива

Post navigation

Previous Прекин во водоснабдувањето на улицa „Рашанец“ во село Лескоец
Next Овој петок детскa интерактивна претстава „Јованче и Марика“

Слични вести

Објавени огласите за упис на првачиња, документите ќе се доставуваат во текот на месец мај Објавени огласите за упис на првачиња, документите ќе се доставуваат во текот на месец мај

Објавени огласите за упис на првачиња, документите ќе се доставуваат во текот на месец мај

Охрид домаќин на 91 Средба на правниците, ќе се одржи од 23 до 25 април Охрид домаќин на 91 Средба на правниците, ќе се одржи од 23 до 25 април

Охрид домаќин на 91 Средба на правниците, ќе се одржи од 23 до 25 април

Источен Петок Балаклија: Чудата на Пресвета Богородица со изворот кај Цариград! Источен Петок Балаклија: Чудата на Пресвета Богородица со изворот кај Цариград!

Источен Петок Балаклија: Чудата на Пресвета Богородица со изворот кај Цариград!

Copyright © All rights reserved. | DarkNews by AF themes.