Skip to content
Inpress

Inpress

Брзо, Точно, Проверено

  • Дома
  • ВЕСТИ
    • Култура
    • Репортажа
  • СВЕТ
    • Балкан
    • Македонија
    • Охрид
    • Струга
  • ХРОНИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЛОКАЛНА САМОУПРАВА
  • СПОРТ
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • Home
  • Вести
  • За гласање на локалните избори во Охрид се пријавени 230 болни и изнемоштени лица

За гласање на локалните избори во Охрид се пријавени 230 болни и изнемоштени лица

1 min read

Охрид, 13. октомври 2025 (ИНПРЕС) –  За претстојните локални избори во Охрид за гласање се пријавиле 230 болни и изнемоштени лица, информираат за Супер радио и InPress од Општинската изборна комисија (ОИК Охрид).

Избирачките одбори го спроведуваат гласањето во домовите на болните и немоќни лица и на лицата кои се во домашен притвор. Немоќните или болни лица, лицата во куќен притвор, затворениците и лицата во старските домови гласаат еден ден пред изборите, односно на 18-ти октомври.

Согласно роковникот на Државната изборна комисија (ДИК) утре на полноќ истекува рокот за пријавуање на лицата кои сакаат да гласаат на изборите, а кои издржуваат мерка куќен притвор.

Вкупниот број на гласачи запишани во Избирачкиот список во Македонија за локалните избори 2025 година изнесува 1 832 415 избирачи. Од овие избирачи, во изводите на Избирачкиот список се запишани 1 717 803 избирачи, додека 112 000 избирачи се запишани во посебниот Избирачки список за лица на привремена работа или престој во странство, 2 162 избирачи кои се наоѓаат на издржување казна затвор или се во притвор и 450 избирачи од домовите за стари лица. На овие избори не се спроведува гласање во дијаспората. (Крај)

извор: ИнПрес фото: архива

Post navigation

Previous Последна недела кампања за локалните избори
Next Во август во Охрид издадени 9 одобренија за градба, во Струга и Дебрца ниту едно

Слични вести

ИЈЗ: И понатаму се намалува бројот на заболени од грип, во Охрид евидентирани помалку од 30 случаи ИЈЗ: И понатаму се намалува бројот на заболени од грип, во Охрид евидентирани помалку од 30 случаи
1 min read

ИЈЗ: И понатаму се намалува бројот на заболени од грип, во Охрид евидентирани помалку од 30 случаи

Водата во Долно Лакочереј безбедна за пиење, во Горно Лакочереј забраната останува на сила Водата во Долно Лакочереј безбедна за пиење, во Горно Лакочереј забраната останува на сила

Водата во Долно Лакочереј безбедна за пиење, во Горно Лакочереј забраната останува на сила

Се гради модерна водоводна мрежа во Струга Се гради модерна водоводна мрежа во Струга

Се гради модерна водоводна мрежа во Струга

Copyright © All rights reserved. | DarkNews by AF themes.