Skip to content
Inpress

Inpress

Брзо, Точно, Проверено

  • Дома
  • ВЕСТИ
    • Култура
    • Репортажа
  • СВЕТ
    • Балкан
    • Македонија
    • Охрид
    • Струга
  • ХРОНИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЛОКАЛНА САМОУПРАВА
  • СПОРТ
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • Home
  • Вести
  • ИЈЗ: Минатата недела пријавени 116 нови случаи на грип, во Охрид не се регистрирани заболени

ИЈЗ: Минатата недела пријавени 116 нови случаи на грип, во Охрид не се регистрирани заболени

1 min read

Охрид, 10. ноември 2025 (ИНПРЕС) – За една недела, во периодот од 3-ти до 9-ти ноември во Република Македонија се пријавени 116 случаи на групни пријави за заболени од грип – заболувања слични на грип, 23,4% повеќе во споредба со минатата недела се наведува во најновиот извештај на Институтот за јавно здравје (ИЈЗ).

Од нив 86 лица се на возраст од 15-64 години, 16 лица на возраст над 65 години, 9 деца на возраст од 5-14 години и 5 случаи на возраст од 0-4 години.

– Заболените лица оваа недела се регистрирани во Куманово – 46, Гостивар -34, Штип – 10, Тетово – 8, Крушево – 6, Струмица – 4, Неготино – 3, Радовиш – 2 и по еден случај во Скопје, Кавадарци и Свети Николе. Пријавената инциденца е под неделната граница на сезонската активност на вирусот на грип, односно сѐ уште не е достигнат прагот на влез во сезоната на грип, стои во извештајот.

Во сезоната 2025/2026 вкупниот број на случаи на грип/заболувања слични на грип изнесува 454. Во споредба со истиот период од минатата сезона, бројот на пријавени случаи е зголемен за 73,3%.

Од 16-ти октомври започна да се спроведува бесплатната вакцинација против сезонски грип за ризичните групи граѓани, а интересот е голем. Досега на ниво на Република Македонија со бесплатна вакцина се имунизирани вкупно 66.987 лица од ризичните категории. Покрај тоа набавени се и 2.400 дози комерцијални вакцини за останатото население и досега се имунизирани 1.033 лица.

Вакцинацијата против сезонски грип е најефикасна мерка за превенција на грип, која спречува појава на потешки форми, компликации и смртен исход особено кај ризичните групи. (Крај)

извор: ИнПрес фото: архива

Post navigation

Previous Охридскиот боксер Наум Стојаноски викендов учествува на Меѓународниот боксерски турнир „Златен гонг“
Next Утре показна вежба во Стар град на охридската пожарна и здружението „Ентузијаст“

Слични вести

Објавени огласите за упис на првачиња, документите ќе се доставуваат во текот на месец мај Објавени огласите за упис на првачиња, документите ќе се доставуваат во текот на месец мај

Објавени огласите за упис на првачиња, документите ќе се доставуваат во текот на месец мај

Охрид домаќин на 91 Средба на правниците, ќе се одржи од 23 до 25 април Охрид домаќин на 91 Средба на правниците, ќе се одржи од 23 до 25 април

Охрид домаќин на 91 Средба на правниците, ќе се одржи од 23 до 25 април

Источен Петок Балаклија: Чудата на Пресвета Богородица со изворот кај Цариград! Источен Петок Балаклија: Чудата на Пресвета Богородица со изворот кај Цариград!

Источен Петок Балаклија: Чудата на Пресвета Богородица со изворот кај Цариград!

Copyright © All rights reserved. | DarkNews by AF themes.