Skip to content
Inpress

Inpress

Брзо, Точно, Проверено

  • Дома
  • ВЕСТИ
    • Култура
    • Репортажа
  • СВЕТ
    • Балкан
    • Македонија
    • Охрид
    • Струга
  • ХРОНИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЛОКАЛНА САМОУПРАВА
  • СПОРТ
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • Home
  • Вести
  • Иницијативата „Збогум Буково“ ќе помага во мапирање и чистење на дивите депонии

Иницијативата „Збогум Буково“ ќе помага во мапирање и чистење на дивите депонии

Иницијативата „Збогум Буково“ ќе помага во мапирање и чистење на дивите депонии

Охрид, 29. октомври 2025 (ИНПРЕС) – Планот за управување со отпад во сите општини предвидува мапирање и чистење на дивите депонии.

Во обид да се помогне реализацијата на овој процес во Охрид, Иницијативата „Збогум Буково” започна со собирање на информации за местоположбата на овие ѓубришта и нивно пријавување до надлежниот сектор во општината со цел расчистување и превенирање на повторно нелегално фрлање на отпад.

– Нашите активисти соработуваат со организации што се обидуваат да ги помогнат овие активности како на локално така и на национално ниво. Овие обиди се пресретнати  со нефункционалноста дури и недостатокот на јасни процеси за спроведување на информацијата, постапување по барањата и преземањето одговорност од страна на надлежните. Ги повикуваме сите граѓани на Охрид и охридските села да пријавуваат диви ѓубришта. Доколку имате можност пуштете ни и слики и точна локација, велат од „Збогум Буково“.

Покрај тоа ги повикаа и надлежните инспекциски служби да обезбедат непречен тек на процесот на мапирање и чистење на дивите ѓубришта со помагање на активностите што ќе овозможат коректно спроведување на барањата на граѓаните и заедно со сите надлежни институции гонење на сите кои постапуваат спротивно од Законот. (Крај)

извор: ИнПрес фото: „Збогум Буково“

Post navigation

Previous Вечерва изложба на колажи и графики од Ивана Мојсовска Головска и охриѓанката Ема Димовска во Скопје
Next И денес повеќе часа без вода ќе бидат жителите на Лукоска маала во Велгошти

Слични вести

Објавени огласите за упис на првачиња, документите ќе се доставуваат во текот на месец мај Објавени огласите за упис на првачиња, документите ќе се доставуваат во текот на месец мај

Објавени огласите за упис на првачиња, документите ќе се доставуваат во текот на месец мај

Охрид домаќин на 91 Средба на правниците, ќе се одржи од 23 до 25 април Охрид домаќин на 91 Средба на правниците, ќе се одржи од 23 до 25 април

Охрид домаќин на 91 Средба на правниците, ќе се одржи од 23 до 25 април

Источен Петок Балаклија: Чудата на Пресвета Богородица со изворот кај Цариград! Источен Петок Балаклија: Чудата на Пресвета Богородица со изворот кај Цариград!

Источен Петок Балаклија: Чудата на Пресвета Богородица со изворот кај Цариград!

Copyright © All rights reserved. | DarkNews by AF themes.