Охрид, 6. август 2025 (ИНПРЕС) – Вечерва од 20:00 часот во Музејско-културниот центар „Лапидариум“ во Охрид ќе се одржи книжевно-музичка вечер во организација на Здружението „Креативна верига“.
Ќе настапат Миодраг Богиќ на виолина и Искра Атанасова Митуш на пијано. Книжевни дела ќе читаат: Славе Ѓорѓо Димоски, Лилјана Пандева, Ана Илијоска Богиќ, Долорес Атанасова-Лори, Марина Икономова Шокева, Маја Мојсова, Марина Димовска, Мирко Томовски, Митко Кољушевски, Смиле Наумоски Брсјак, Наталија Кичеец, Мерсиха Исмајлоска, Зоран Јакимоски.
Со овој настан Здружението „Креативна верига“, го започнува одбележувањето на петгодишнината од постоењето на своето електронско списание „(е)Лит“. (Крај)
извор: ИнПрес фото: архива
