Охрид, 5. ноември 2025 (ИНПРЕС) – Охридскиот Црвен крст продолжува со реализација на програмата за крводарителски акции за 2025 година.
Денеска во просториите на Службата за трансфузија Охрид се реализира крводарителска акција наменета за вработените на СВР Охрид.
– Ги покануваме сите вработени во СВР Охрид да ја искажат својата хуманост и да спасат нечиј живот, порачуваат од Црвениот крст.
Крводарителската акција трае до 12:00 часот. (Крај)
извор: ИнПрес фото: архива







