Skip to content
Inpress

Inpress

Брзо, Точно, Проверено

  • Дома
  • ВЕСТИ
    • Култура
    • Репортажа
  • СВЕТ
    • Балкан
    • Македонија
    • Охрид
    • Струга
  • ХРОНИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЛОКАЛНА САМОУПРАВА
  • СПОРТ
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • Home
  • Вести
  • Македонија „Земја партнер“ на 56. Меѓународен саем за туризам во Нови Сад, награда за Општина Охрид и брендот Охридски бисер

Македонија „Земја партнер“ на 56. Меѓународен саем за туризам во Нови Сад, награда за Општина Охрид и брендот Охридски бисер

Македонија „Земја партнер“ на 56. Меѓународен саем за туризам во Нови Сад, награда за Општина Охрид и брендот Охридски бисер

Нови Сад, 27. ноември 2025 (ИНПРЕС) – Република Македонија е „Земја партнер“ на 56. Меѓународен саем за туризам што деновиве ќе се одржува во Нови Сад, Србија.

Оваа титула го отвора патот за уште посилна туристичка соработка во регионот, истакна министерот за култура и туризам Зоран Љутков.

– Од страна на Србија беше испратена силна порака за партнерство и пријателство, а ние како држава покажавме колку имаме да понудиме: традиција, култура, природа, вкус, енергија и гостопримство што се памети.

Верувам дека оваа соработка ќе донесе нови можности за целиот регион и дека туристичкиот развој ќе продолжи во насока на поврзување и заемна поддршка, изјави Љутков.

Општина Охрид на саемот доби награда за перспективна и јасна визија за развојот на градот Охрид како актрактивна туристичка понуда.

– Ова признание претставува значајна потврда за континуираните напори на општината во унапредувањето и промовирањето на туристичките потенцијали на градот. На промотивниот штанд на Општина Охрид, посетителите имаат можност да дознаат повеќе информации за туристичките знаменитости на градот, сместувачките капацитети, туристичките настани, руралниот туризам и автентичната гастрономска понуда, истакна градоначалникот Пецаков.

Беа доделени награди на сите оние кои даваат придонес за промоција и развој на туризмот во регионот, меѓу нив беше награден и еден од најстарите брендови на Македонија – Охридскиот Бисер изработен од семејствата Филеви – 1928 и Талеви – 1924.

На саемот што ќе трае до сабота ќе има над 250 излагачи од Србија, Македонија, Црна Гора, Романија, Унгарија, Босна и Херцеговина, Бугарија, Грција, Словенија и Русија. Ќе се претстават агенции, организации, институции, здруженија, туроператори, хотели, бањи, национални паркови, осигурителни компании, јавни претпријатија, винарии и дестилерии, мали производители на храна и пијалоци. Тие ќе обезбедат информации за угостителски и туристички објекти, сместувачки капацитети и настани, рурален туризам, природни убавини и туристички дестинации. (Крај)

извор: ИнПрес фото: архива

Post navigation

Previous Културата расте со децата „За сите деца“: Утре ќе се игра детската претстава „Рибарот и златната рипка“
Next Продолжува негативниот природен прираст во Охрид, во третиот квартал годинава е -56

Слични вести

ИЈЗ: И понатаму се намалува бројот на заболени од грип, во Охрид евидентирани помалку од 30 случаи ИЈЗ: И понатаму се намалува бројот на заболени од грип, во Охрид евидентирани помалку од 30 случаи
1 min read

ИЈЗ: И понатаму се намалува бројот на заболени од грип, во Охрид евидентирани помалку од 30 случаи

Водата во Долно Лакочереј безбедна за пиење, во Горно Лакочереј забраната останува на сила Водата во Долно Лакочереј безбедна за пиење, во Горно Лакочереј забраната останува на сила

Водата во Долно Лакочереј безбедна за пиење, во Горно Лакочереј забраната останува на сила

Се гради модерна водоводна мрежа во Струга Се гради модерна водоводна мрежа во Струга

Се гради модерна водоводна мрежа во Струга

Copyright © All rights reserved. | DarkNews by AF themes.