December 13, 2016

Челинац, 13. декември 2016 (ИНПРЕС) – Македонец е тешко повреден во сообраќајна несреќа која се случила на патот Прњавор-Челинац, во Босна и Херцеговина.

Се работи за 41-годишен човек кој возел камион, па поради голомразицата на патот се излизгал и се судрил со друг камион.

Несреќата се случила во 8 часот и 40 минути. Од македонската амбасада во Сараево информирале дека повредениот итно бил префрлен со тешки повреди во болница, дознава Плусинфо. (Крај)

извор: ПлусИнфо фото: архива