Охрид, 13. мај 2026 (ИНПРЕС) – Во текот на март оваа година, туристички Охрид го посетиле вкупно 17.182 гости, од кои 3.707 биле домашни, а 13.475 странски.
Според официјалните податоци на Државниот завод за статистика (ДЗС) на Република Македонија, вкупниот број на ноќевања изнесува 30.897. Во однос на структурата на странските туристи, најмногубројни биле Германците – 2.910, по кои следуваат гостите од Франција 1.603, Србија 1.527, Турција 1.176, Бугарија 821, Грција 790, Белгија 771…
На ниво на државата, Република Македонија во март годинава ја посетиле вкупно 73.921 туристи, од кои 14.554 биле домашни, а 59.367 странски. Остварени се вкупно 134.233 ноќевања.
Вкупниот број на туристи во периодот јануари-март 2026 година, во однос на истиот период лани е зголемен за 5.2 %, кај домашните туристи има зголемување за 1.3 %, а кај странските има зголемување за 6.9 %. Вкупниот број на ноќевањата во анализираниот период е намален за 0.3 % така што кај домашните туристи има намалување за 1.2 %, а кај странските има зголемување за 0,2 %. (Крај)
извор: ИнПрес фото: ИнПрес
